Македонија
Ќе се намалат средствата за проектот Скопје 2014
Со ребалансот на Буџетот ќе бидат скратени и неколку милиони евра предвидени за проектот Скопје 2014, како и за други за да се дојде до вкупниот износ заштеди што е потребен, рече вицепремиерот и министер за финансии Ставрески
„Ребалансот нема да влијае на издавањето на еврообврзницата, тоа зависи само од условите на пазарот и каматната стапка кога ќе биде поволна каматната стапка тогаш ќе излеземе на европскиот пазар со обврзници”, рече вицепремиерот Зоран ставревски на тркалезната маса за обезбедување еднакви финансии на локалната самоуправа.Буџетот на фондот за здравство ќе биде зголемен за милијарда и 120 милиони денари за да се подобрат условите на јавните здравствени установи, во пензискиот фонд се додаваат средства од 450 милиони денари за да не дојде до намалување на вкупниот буџет наменет за пензии.Ставрески рече дека со мерките за штедење и намалувањето на платите од 10 отсто на државните функционери ќе се обезбедат неколку стотици милиони денари заштеда во текот на годината.На тркалезната маса за фискалната децентрализација се дискутираше за овозможување на локалните самоуправи да обезбедат рамноправни и подобри услуги за сите граѓани како и локалните власти да го подобрат општиот економски напредок на земјата.„Студијата има за цел да и помогне на Владата во воведување на поголема фискална распределба и обезбедува сценарија како може да се распределуваат средствата за локалните општини”, изјави Диадра Бојд претставник на УНДП.Фискалната децентрализација е еден од факторите на економскиот развој за подобрување на квалитетот управувањето на општините претставува и втор значаен столб на Охридскиот рамковен договор.„Владата ја покажува својата посветеност за унапредување на локалната самоуправа и заокружување на процесот на децентрализација”, рече Ставрески.Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски изјави дека во целта на овој проектот е да се создаде нов развоен систем на трансфер на финансиските средства меѓу централната и локалната власт.Денешната тркалезна маса е во организација на УНДП, министерството за финансии, локалната самоуправа, ЗЕЛС како и претставници и професори од реномирани странски универзитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК.
„Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во проценти значи 98,98% пристигнати до ДИК“.
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.
Македонија
МВР: Гласањето од вториот круг на локалните избори се одвива мирно
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, соопшти МВР.
Од таму велат дека преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.

