Свет
И малолетниците перат пари
Малолетниците во Македонија лани извршиле 1.132 тешки кражби, 567 обични кражби, 137 разбојништва со насилство, 24 дела со нанесување тешки телесни повреди, учествувале во тепачки, во убиства, во трговија со дрога, па дури и во перење пари
ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИВА:
Малолетниците во Македонија лани извршиле 1.132 тешки кражби, 567 обични кражби, 137 разбојништва со насилство, 24 дела со нанесување тешки телесни повреди, учествувале во тепачки, во убиства, во трговија со дрога, па дури и во перење пари
Од вкупниот број кривични дела направени лани во Македонија, дури 2.399 ги извршиле малолетници од кои 652 дела ги извршиле деца под 14 години . Тоа според полициската статистика, тоа е 11 проценти од сите сторени криминални акти. За тие дела кривично се товарат 1.451 малолетник.
Според полициската статистика, поголем дел од осомничените и обвинетите малолетни деликвенти се регистрирани како сторители на по неколку дела. Поради тоа полицијата констатира дека меѓу главните карактеристики на малолетничкиот криминал е повторување на криминалното дело.
Малолетниците во Македонија лани извршиле 1.132 тешки кражби во станови, куќи, автомобили, дуќани и училишта. Извршиле и 567 обични кражби, 137 разбојништва со насилство, 24 дела со нанесување тешки телесни повреди, учества во тепачки и три убиства.
Во областа на организираниот криминал учинокот на малолетниците во 2005 е 49 случаи на фалсификување пари, една изнуда и едно перење пари, а во доменот на нелегална трговија малолетници биле фатени во трговија со дрога, овозможувале употреба на наркотици и илегално поседувале оружје и распрскувачки материи.
Лани малолетниците учествувале или поттикнале над 600 тепачки за што биле пријавени над 20.000 лица.
Од вкупно регистрираните 2.399 дела, околу 96 проценти или 2.310 дела се од областа на класичниот криминал, околу два проценти или 51 дело се од доменот на организираниот криминал, а останатите се третирани како недозволена трговија и економски криминал. Најбројни се делата од областа на имотните деликти, потоа загрозување на безбедноста во сообраќајот, нарушување на јавниот ред и мир и дела против половата слобода.
Најголем дел од кривичните дела биле извршени во Скопје, вкупно 1.112. Потоа следуваат Битола со 259 случаи, Куманово со 122 случаи, Штип со 115, Тетово со 97, Кочани со 80 дела и Гостивар со 77 регистрирани дела чии извршители се малолетници.
Малолетниците лани освен тоа што учествувале во криминалот, во голема мера биле и жртви на криминалот. Лани се регистрирани 53 полови напади врз дете, од кои во 38 случаи жртви биле женски, а 15 машки. (Е.З.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп ќе го пречека претседателот на Колумбија во Белата куќа на почетокот на февруари
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска објави дека во првата недела од февруари ќе го пречека колумбискиот претседател Густаво Петро на разговори во Белата куќа.
„Сигурен сум дека ќе биде многу добро и за Колумбија и за САД, но кокаинот и другите дроги мора да бидат запрени пред да влезат во Соединетите Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Зборовите на Трамп претставуваат промена во тонот по месеците остри критики кон Петро и неговата влада, обвинувајќи го колумбискиот претседател дека управува со „фабрики за кокаин“.
Трамп објави дека тој и Петро разговарале по телефон во средата и се согласиле да се сретнат во Белата куќа, но не го прецизираше точниот датум на средбата.
Во изјавите објавени денеска, Петро рече дека Трамп му рекол во телефонски разговор дека размислува за воени операции во Колумбија, што е поврзано со регионалните тензии по американската воена операција во Венецуела.
„Трамп ми рече во телефонски разговор дека размислува за лоши работи во Колумбија. Пораката беше дека тие веќе се подготвуваат, планираат воена операција“, изјави Петро за шпанскиот весник „Ел Паис“, додавајќи дека верува оти заканата е замрзната по разговорот, но призна: „Можеби грешам“.
Петро рече дека Колумбија нема капацитети за воздушна одбрана, но повика на народен отпор во случај на таква воена операција во неговата земја.
Средбата треба да се одржи во време кога односите меѓу САД и Колумбија се обидуваат да се стабилизираат и да се префрлат кон дијалог, и покрај широко распространетите разлики околу политиката за дрога и регионалната безбедност.
фото/депозитфотос
Свет
Венецуела сака да ги обнови дипломатските односи со САД
Венецуелската влада започна да истражува опции за проширување на дипломатските односи со САД, а се очекува претставници на американскиот Стејт департмент да отпатуваат во Каракас за технички и логистички проценки, соопштија двете земји. Стејт департментот соопшти дека американските претставници го проценуваат „потенцијалното продолжување“ на работењето на амбасадата во јужноамериканската земја.
Вашингтон и Каракас сигнализираа подготвеност за соработка по американската воена операција од минатата недела што резултираше со апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Неговата потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен шеф на државата.
„Венецуелската влада одлучи да започне прелиминарен дипломатски процес со американската влада, со цел повторно воспоставување дипломатски мисии во двете земји“, соопшти венецуелската влада.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела е знак за „барање мир“ и дека како резултат на тоа го откажал планираниот втор бран напади.
Во среда, Трамп рече дека САД „се сложуваат многу добро“ со венецуелската влада предводена од Родригез, особено кога станува збор за обнова на нафтената и гасната инфраструктура.
фото/епа
Свет
Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му посака среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, според писмото што Орбан го објави на својата Фејсбук страница.
Во писмото, Трамп наведува дека „смелото лидерство“ на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додаде дека со нетрпение очекува „продлабочување на соработката“ во областите на одбраната, енергетиката и нелегалната миграција, пишува агенцијата „Ројтерс“.
„Секогаш цврсто сте стоеле во одбрана на принципите што ја прават Унгарија толку исклучително место – религијата, семејството и суверенитетот“, напиша Трамп во писмото.
Националистот Орбан се соочува можеби со најтешкиот предизвик во неговите 16 години на власт, со комбинација од економска стагнација во Унгарија, зголемување на трошоците за живот и скандал со малолетнички притворен центар што го зајакнува опозицискиот ривал чија партија води во повеќето анкети.
Изборите се очекуваат во април.
Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата да ја посети Унгарија, наведувајќи дека неговиот тим „ќе биде во контакт“ во врска со распоредот. Во понеделник, Орбан рече дека посетата на „високо рангиран“ американски политичар е веројатно да се случи пред изборите.
фото/епа

