Македонија
Заврши состанокот на мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ
Дводневниот состанок на мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија финишираше со препораката за што поскоро отпочнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија, соопштуваат од македонското Собрание.На состанокот биле разгледани повеќе прашања поврзани со односите Македонија – ЕУ, како што се неодамнешниот развој на граѓанското општество, учеството на граѓаните во процесот на одлучување, слобода на изразување и политички дијалог, потоа ситуацијата на функционирањето на јавната администрација, судството и затворскиот систем, вклучувајќи ги и обидите во борбата против измами и корупцијата, за транспортните коридори во Западен Балкан и Европската унија, како и за управувањето со фондовите на ЕУ, економската и финансиската ситуација и реформите преземени од Владата во насока на обврските преземени со пристапувањето во членство во Европската унија.„Ставовите на Македонија околу препорака за почнување на преговори со ЕУ, како и оние за пречката што ја претставува спорот за името речиси 100 отсто беа поддржани од страна на европарламентарците. Мешовитиот комитет препорача дека процесот на македонската евроинтеграција не смее да чека и дека Македонија треба да биде примена заедно со Хрватска. Во однос на името ставовите на Мешовитиот комитет кореспондираа со македонските национални ставови. Тоа го покажува фактот што тројца грчки европарламентарци беа воздржани. Мислам дека остваривме навистина добар заклучок за Македонија“, изјави Александар Спасеновски, ко-претседавач на мешовитиот комитет од македонска страна.Во рамки на осмиот состанок на мешовитиот комитет, свое обраќање денеска имаше и вице-премиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

