Контакт

Скопје

Новогодишната прослава во „Центар“ почнува од 30-ти декември

Објавено пред

Манифестацијата која ќе се одвива на локацијата на сквер „Јадран“ во Скопје ќе биде официјално отворена на 30. декември со децата од градинките во општина Центар и големата предновогодишна прослава со целовечерни концерти на најдоброто од Македонија, соопштуваат од општината. Граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во специјално уредениот простор во срцето на градот, да се забавуваат и да ги проследат настапите на ѕвездите на македонската музичка сцена, меѓу кои и поп-рок групата „Ареа“.

dobivaj vesti na viber

„Ние посебно се радуваме на настапите на отворено и  тогаш го даваме нашиот максимум. Оваа година програмата на општина Центар е одлична и очекуваме да има добра публика . ’Ареа’ како и секогаш ќе настапи комплетно во живо со 90 минутен концерт. Ги повикуваме сите кои ја сакаат нашата музика да дојдат на 30. декември во 20:45 часот на сквер ’Јадран’, да поминеме заедно една убава предновогодишна вечер.“ – порачуваат членовите на „Ареа“.

 

Покрај нив, оваа вечер, со нас ќе биде и секогаш одличниот шоумен, музичар, актер и веќе со години омилен лик од забавната сцена, Игор Џамбазов кој ќе настапи во добро познатиот тандем со Гуру Харе, во засилување на неговиот бенд, но и со во моментов најуспешната македонска пејачка Тамара Тодевска.

 

„Многу ги сакам манифестациите од овој тип. Имам свирено скоро на сите најзначајни фестивали на отворено, а супер е пак кога настанот  е слободен за сите посетители. Тоа е шанса за мене да свирам пред публика која никогаш до сега ме нема гледано на концерт. Нивните реакции ми се најдрагоцени. Од друга страна, ова е можеби најдобрата новогодишна понуда, по мој вкус. Чест ми е што ќе свирам во иста вечер со ’Ареа’, на сцена на која утредента ќе свират и ’ДНК’, ’С.А.Р.С.’, а особено им се радувам на ’Ван Гог’“ – вели Игор.

 

Тој им порача на граѓаните добро да се наоблечат. „Сите што ќе дојдат, да не се појавуваат без шал, капа, ракавици, џемпери, монтки, ѕиври и два пара зимски чорапи. Нè чека дебел минус. Дојдте на 30-ти, од минусот да направиме плус“.

 

Новогодишната  вечер ќе биде отворена со настапот на македонската група „ДНК“, која за овој повод најавува гостин на својот настап,На посетителите им порачува:

 

„Мило ни е што оваа година ќе бидеме дел од новогодишната забава ’Град во Градот’, организирана од страна на општина Центар и се надеваме дека исто како и минатата година ќе има голема посетеност, а ние заедно со нашиот Диџеј ’Ајри Скреч’ (DJ IRIE SCRATCH) ќе направиме сè да ја опуштиме публиката уживајќи во нашите песни и се надеваме дека ќе ги ’внесеме’ сите во наредната 2015. година среќни и весели… 🙂 “.

Врвот на забавата за оваа голема прослава нè очекува со новогодишните концерти на најпозитивната дружина „С.А.Р.С.“ кои подготвуваат специјален настап за скопјани и секако групата која се покажа дека граѓаните најмногу ја посакуваат за дочекот на Новата година, балканскиот рок состав на денешницата „ВАН ГОГ“. Тие ја најавуваат журката преку видео поставено на Youtube поздравувајќи ги граѓаните на македонски „Скопје те сакаме!“./крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.

dobivaj vesti na viber

Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.

Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион9 часа

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет10 часа

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа10 часа

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ11 часа

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија15 часа

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ16 часа

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија16 часа

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија18 часа

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија19 часа

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет20 часа

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија20 часа

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...

Регион22 часа

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет22 часа

Сенатот ја блокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија23 часа

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува...

Македонија1 ден

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија2 дена

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија2 дена

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...