Скопје
Заловени 1.128 бездомни кучиња за шест месеци во Скопје
Вкупно 1.128 бездомни кучиња биле заловени на територијата на градот Скопје, во периодот од јануари до јуни годинава, соопшти Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Од претпријатието информираат дека сé повеќе сопственици ги оставаат нивните расни кучиња на улица или пред вратата на стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
Во периодот од јануари до јуни 2014 година, Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје заловила вкупно 1.128 бездомни кучиња на територијата на градот Скопје, од коишто 844 кучиња биле подложени на медицински третман и стерилизација во стационарот за бездомни животни „Вардариште“, а биле вдомени вкупно 48 кучиња.
Исто така, забележано е дека сé повеќе сопственици ги оставаат своите расни миленичиња на улица или пред вратата на стационарот.
Од јануари до јуни дванесет расни кучиња, што претходно биле чувани во домашни услови, биле вдомени во „Вардариште“.
Станува збор за два лабрадора, четири сибирски хаски, две кане корсо, еден германски овчар, еден доберман, еден ирски сетер и еден сибирски самојед.
Од јавното претпријатије информираат дека по утврдувањето на нивната здравствена состојба од ветеринарната екипа, сите кучиња биле подложени на пропишаниот медицински третман – проверка на крвта за евентуално присуство на болеста лајшманиоза, третман на стерилизација, прочистување од внатрешни и надворешни паразити и вакцинација од беснило.
ЈП „Комунална хигиена“ на интернет страната објавило апел до сопствениците дека во рок од десетина дена можат да го побараат својот миленик, но во ниту еден случај сопствениците не се јавиле, така што кучињата биле вдомени од други граѓани./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




