Европа
Причините за железничката несреќа во Германија нејасни, истрагата продолжува

Причината за судирот на двата воза во Баварија, во кој најмалку осум луѓе загина, засега е нејасна, наведува полицијата која отвори истрага и информираше дева возовите се судриле во свиок во кој максималната дозволена брзина била 120 километри на час.
Меѓу осумте загинати е и машиновозачот, а по неговиот помошник се трага, иако се претпоставува дека и тој е загинат.Најмалку осум луѓе загина, а уште 90 се повредени во судир на два воза во вторник наутро во близина на Бад Аиблинг, на југот на Германија. Од повредените 15 се наоѓаат во критична состојба, додека 40 се тешко повредени.Среќна околност е што во возовите имало малку патници бидејќи училиштата на тоа подрачје денеска не работеле.Несреќата се случила нешто пред седум часот на линијата Розенхајм-Холцкирхен, на околу 60 километри југоисточно од Минхен. Сообраќајот на ова линија е во прекин, како и сообраќајот на двата локални патни правци.Најмалку осум хеликоптери ги префрлаа повредените во блиските болници, а полесно повредените биле згрижувани од медицински лица на лице место. Телата на загинатите биле превезени на другиот брег на реката Мангфал.„На местото на несреќата се гледаат делови на возови. Спасувачите се качуваат и извлекуваат луѓе“, пренесува баварската телевизија БР изјави на очевидци, кои додават дека првите 10 до 15 метри на двете композиции се целосно уништени, а двата воза излегле од шините. /крај/мф/ст
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Најстуден 30-ти јуни во Москва откако почнаа да се мерат температурите

Метеоролозите вчера во Москва го регистрираа најстудениот 30-ти јуни откако се мерат температурите.
„Москва денес сруши рекорд: толку студен 30-ти јуни никогаш не е виден. Во нашиот главен град, последниот ден од јуни беше најстудениот во целата историја на главната метеоролошка станица. Во 15 часот по московско време, термометарот покажа само плус 12,6 степени“, напиша на Телеграм Евгениј Тишковец, висок член на метеоролошкиот центар Фобос.
„Ова ги срушува претходните рекорди од 1962 и 1976 година, кога на 30-ти јуни беа регистрирани плус 14 и плус 14,7 степени“, додаде тој.
Што се однесува до понатамошната временска прогноза за руската престолнина, денес се очекуваат ниски температури, слични на вчерашните. Сепак, утре се очекува затоплување.
Европа
Италија ќе издаде половина милион визи за странски работници надвор од ЕУ во следните три години

Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за државјани на земји кои не се членки на ЕУ помеѓу 2026 и 2028 година, соопшти владата, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвикот на недостигот на работна сила.
Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата следната година, додека се очекува вкупно 497.550 лица да влезат во земјата до 2028 година.
Ова е втор ваков потег на премиерката Џорџа Мелони откако ја презеде функцијата пред речиси три години како лидер на десничарска коалиција. Владата веќе одлучи да издаде повеќе од 450.000 дозволи за мигранти помеѓу 2023 и 2025 година.
Покрај условите под кои им е дозволен влез на нови работници, Мелони зазеде цврст став во врска со нелегалниот влез, забрзувајќи го враќањето на нелегалните мигранти и ограничувајќи ги активностите на хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.
„Квотите се одредуваат според потребите изразени од социјалните партнери и фактичките барања за работни дозволи примени во претходните години, со цел програма што одговара на потребите на компаниите и е реална“, се вели во соопштението.
Стареењето на населението и опаѓањето на стапката на наталитет се причините за потребата од привлекување странски работници во третата најголема економија во еврозоната. Во 2024 година, имало 281.000 повеќе смртни случаи отколку раѓања, а населението се намалило за 37.000 на 58,93 милиони, продолжувајќи го трендот што трае со децении.
Европа
(Видео) Топлотен бран во Европа, Шпанија забележа рекордни 46 Целзиусови степени

Топлотниот бран продолжува да зафаќа големи делови од Европа, а властите во многу земји издаваат здравствени предупредувања поради неподносливата топлина. Јужна Шпанија е најтешко погодена со температури над 40 Целзиусови степени регистрирани во Севилја и околните области.
Според Шпанската национална метеоролошка служба, нов јунски температурен рекорд од 46 °C е поставен во градот Ел Гранада во саботата. Истиот извор извести дека овој месец е на пат да стане најжешкиот јуни досега.
⚠️ Récord nacional de temperatura para junio.
→ El día 28 se han alcanzado 46 °C en El Granado (Huelva). El dato, pendiente de validación, supondría la temperatura más alta medida en España en junio desde que hay registros.
→ Supera los 45.2 °C de Sevilla (junio de 1965) pic.twitter.com/0Qb1KJir3W
— AEMET (@AEMET_Esp) June 28, 2025
Црвени предупредувања за екстремна топлина се во сила во делови од Португалија, Италија и Хрватска, а многубројни портокалови предупредувања опфаќаат области од Шпанија, Франција, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Словенија и Швајцарија, пишува Би-би-си.
Во Барселона жена почина откога ја заврши својата смена како чистач на улици во саботата кога температурите беа многу високи. Локалната самоуправа ги истражува околностите на нејзината смрт.
Во Италија одделенијата за итни случаи во болниците во целата земја забележаа пораст на случаи на топлотен удар, главно кај „стари лица, онколошки пациенти или бездомници“, изјави Марио Гуарино, потпретседател на Италијанското друштво за итна медицина, за АФП.
Болниците, како што е „Оспедале деи Коли“ во Неапол, воспоставија посебни протоколи за лекување топлотен удар за да им овозможат на пациентите пристап до клучни терапии, како што е потопување во ладна вода што е можно побргу.
Градот Болоња отвори седум климатизирани засолништа со вода за пиење, а Рим им им дозволи на луѓето над 70 години бесплатно да влегуваат во градските базени. Лекар во Лисабон, главниот град на Португалија, изјави за „Ројтерс“ дека веќе има случаи на топлотен удар и изгореници и покрај предупредувањата да се остане во затворен простор во најжешкиот дел од денот.
Топлотниот бран го погоди и Западен Балкан со температури над 40 Целзиусови степени. Србија ја забележа највисоката температура на 26 јуни откога почнаа евиденциите во 19 век. Словенија ја забележа највисоката јунска температура во саботата. И Македонија беше погодена од екстремна топлина, со температури што достигнаа 42 Целзиусови степена во петокот.
HISTORIC HEAT IN SLOVENIA
Yesterday new national record of June highest tempeture with 38.4C.
Nearly all stations in the country (similarly to Croatia,Serbia and Bosnia) broke their monthly records.
Tables by Arso Vreme pic.twitter.com/hzZ0R88jyZ— Extreme Temperatures Around The World (@extremetemps) June 27, 2025
Лондон денес ќе достигне 35°C
Температурите ќе продолжат да растат во некои области до средината на неделата, а во следните неколку дена се очекува нов топлотен бран во Франција, Германија, Италија и во Велика Британија. Овој викенд беа во сила жолти и портокалови временски предупредувања за делови од Англија, а се очекуваше температурите во Лондон денес да достигнат 35°C.
Жештината се зголемува под голема област со висок притисок, со сув воздух што се спушта и се затоплува. Бидејќи овој процес продолжува неколку дена, температурите постепено се зголемуваат. Областа со висок притисок ќе се движи кон исток во следните неколку дена носејќи високи температури на север и на исток.
Иако е тешко директно да се припишат одделни екстремни временски настани на климатските промени, топлотните бранови стануваат сè почести и поинтензивни токму поради оваа промена.
Научниците од организацијата World Weather Attribution, која го анализира влијанието на климатските промени врз екстремното време, велат дека јунските топлотни бранови со три последователни дена над 28°C сега се речиси десет пати поверојатни отколку во прединдустриското време.