Контакт

Економија

Земјоделството мора да се прилагодува кон климатските промени

Објавено пред

Македонија ќе мора да спроведува стратегија за прилагодување кон климатските промени, во спротивно продуктивноста на земјоделските производи ќе претрпи големи штети, а најмногу на удар ќе се најдат грозјето и доматите.

dobivaj vesti na viber

Македонија ќе мора да спроведува стратегија за прилагодување кон климатските промени, во спротивно продуктивноста на земјоделските производи ќе претрпи  големи штети, а најмногу на удар ќе се најдат грозјето и доматите.Ова беше истакнато на денешната Конференција во рамките на Регионалната програма за намалување на последиците од климатските промени во земјоделскиот сектор, организирана од Светската банка (СБ) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Вилијам Сатон, виш економист за земјоделство и ресурси при СБ, укажа дека земјоделскиот сектор е особено важен за Македонија, каде што е вработено над 19 отсто од населението, а овој сектор создава 12 отсто од БДП.„СБ соработува со Македонија во обид да се утврди кои ќе бидат влијанијата од климатските промени врз локалното земјоделството. Како што знаеме поради климатските промени, климата ќе стане потопла и посува“, рече Сатон.Тој изрази уверување дека иако сме соочени со предизвици од климатските промени постојат мерки со кои што можеме да се справиле со тие промени во насока да се зголеми отпорноста на македонското земјоделство.„Многу е важно сега да се отпочне со превземањето мерки, бидејќи нивното спроведување бара време и што порано се започне толку подобри ќе бидат ефектите“, рече Сатон.Меѓу приоритетните мерки кои што треба да се преземат, Сатон ги наброја ефикасното управување со водните ресурси и системите за наводнување, едукација на земјоделците за тоа кои техники да ги преземат при обработка на земјиштето, како и нивно информирање за временската прогноза неколку недели однапред.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски рече дека климатските промени се комплексно прашање чие влијание се очекува да предизвика хронични проблеми во земјоделскиот сектор.„Имајќи го в предвид овој факт, Министерството ќе преземе иницијатива за спроведување на политики на ублажување на негативните влијанија од климатските промени“, кажа Димовски. Тој напомена дека извршените анализи ги поткрепуваат информациите дека постои тренд на зголемување на температурите во Македонија, најавувајќи дека ќе биде подготвен план за подготовка на земјоделскиот сектор да стане поотпорен на предвидените промени.Експертот од оваа област Панде Лазаревски советува наместо да се тагува за судбина на планетата земја и човечката цивилизација поради неизбежните климатските промени,   треба да се проучат, разберат  и проценат добро последиците од климатските промени.Бидете уверени ако правилно се сфатат климатските промени, тогаш луѓето и институциите многу полесно ќе се адаптираат и ќе ги минимизираат негативните последици, бидејќи мудроста налага ако не можеме да ги спречиме тогаш треба да се подготвиме да живееме со нив“, порача Лазаревски.Според одредени анализи, климатските промени покажуваат дека температурата во Македонија може да се зголеми, а врнежите да станат поретки особено во клучните летни месеци.Особено чувствително на промена на климата е земјоделството, што значи дека промените на температурите и на врнежи негативно би се одразиле врз руралното население.Предвидувањата се дека до 2050 година температурата во Македонија просечно ќе се зголеми за 1,9 степени, а во летните месеци за 2,5 степени, додека количината на врнежи годишно ќе се намали за пет отсто, а во летните месеци и до 17 отсто.Најранлива локација според овие анализи, ќе биде Повардарието каде што се произведува грозјето, додека многу ранливи ќе бидат струмичкиот и гевгелискиот регион и производството на доматите, а во Скопско-кумановската долина и Овчеполието загрозено може да биде производството на зимската пченица.Анализите покажуваат дека поради влијание на климатските промени производството на доматите во некои региони во Македонија може да се намали до 78 отсто, а на луцерката до 62 отсто. /крај/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ново од Минт кредит – поддршка за стартапите

Објавено пред

Да започнете сопствен стартап е возбудлива авантура – идејата е свежа, енергијата е огромна, а визијата јасна. Но, секој претприемач знае дека патот од идеја до реализација на успешен бизнис бара финансиска стабилност. Токму тука ние, Минт Кредит, стануваме вашиот партнер за стартап кредит.

dobivaj vesti na viber

Во Минт Кредит веруваме дека стартапите се моторот на новата економија, и затоа нашиот бизнис кредит е создаден токму за луѓето кои не се плашат да ризикуваат и да создадат нешто свое.

Нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица кои сакаат да го претворат својот потенцијал во успешна приказна.

Бизнис кредит – Брз стартап кредит без чекање

Во светот на стартапите, времето е сè. Можностите се менуваат од ден во ден, а да се биде чекор пред конкуренцијата значи многу. Затоа, бизнис кредитот од Минт Кредит е создаден да биде брз, едноставен и флексибилен.

Нашиот тим знае колку е важно стартапот да добие поддршка веднаш, кога му е најпотребна. Заборавете на долгите процедури и бескрајни состаноци, кај нас процесот е транспарентен, лесен и целосно дигитален.

За да аплицирате треба да сте правно лице со јасна визија и амбиција, без разлика дали сте стартап кој штотуку започнува или веќе стабилна компанија што сака да се прошири.

Што добивате со бизнис кредитот од Минт Кредит?

Нашиот бизнис кредит за стартапи е создаден со разбирање на реалноста. Не бараме сложени формалности, туку ја гледаме суштината – вашиот потенцијал, вашата визија и вашата посветеност.

Со нашиот бизнис кредит за стартапи добивате финансиска поддршка до 1.000.000 МКД, со рок на отплата до 60 месеци и можност за грејс период до 24 месеци. Тоа значи дека можете да започнете со реализација на идејата веднаш после одобрување. Без нејасни услови – само понуда создадена да им даде поддршка на младите претприемачи.

Стартап кредит што работи во корист на претприемачите

Кога велиме дека нашиот бизнис кредит е создаден за стартапи и правни лица, тоа навистина го мислиме.

Знаеме дека на почетокот секој ден и секоја финансиска одлуика се важни. Затоа, нашиот бизнис кредит за стартап е дизајниран да им овозможи на новите компании да се развиваат без дополнителни притисоци.

Со Минт Кредит можете да искористите стартап кредит за да:

  • Инвестирате во нова опрема или технологија,
  • Отворите канцеларија или продавница,
  • Вложите во маркетинг за да го лансирате вашиот бренд,
  • Ангажирате нови членови во тимот,
  • Го финансирате секој чекор од вашиот бизнис раст.

Секој проект е различен, но сите имаат заедничко нешто: финансиската поддршка од Минт Кредит што ги движи напред. Нашиот бизнис кредит за стартапи не е само бројка, тој е поддршка за вашата визија и труд.

Како до бизнис кредит за стартап?

Едноставно. Брзо. Без компликации.

  1. Аплицирајте онлајн на Минт Кредит, во една од нашите филијали, или јавете се на 15 107.
  2. Доставете ги основните документи за вашиот бизнис.
  3. Добијте одговор за кратко време затоа што знаеме дека стартапите немаат време за чекање.

Нашата цел е да бидеме ваш вистински партнер, не бирократска пречка.

Зошто Минт Кредит е вистинскиот избор за стартап кредит?

  • Брзина и ефикасност – од апликација до одобрување за кратко време.
  • Разбирање за стартапи – ние знаеме како размислуваат младите претприемачи.
  • Флексибилни услови – прилагоден рок и грејс период за безгрижен почеток.
  • Поддршка и совети – нашиот тим е тука за да ви помогне со насоки и препораки.
  • Транспарентност – кај нас секој услов е јасен, без скриени трошоци.

Кога стартапите размислуваат за финансирање, често мислат дека тоа е долг и сложен процес. Ние го менуваме тоа. Со Минт Кредит, добивате брз бизнис кредит кој ја поддржува вашата визија.

Зошто стартап бизнисите најчесто “заглавуваат”?

Секој стартап започнува со идеја, но патот до стабилен бизнис ретко е едноставен. Најчестите проблеми што ги гледаме кај младите компании се:

  • Недостиг на почетен капитал – без доволно средства, дури и најдобрите идеи остануваат само тоа, идеи.
  • Проблеми со редовен приход – првите месеци често се непредвидливи за стартапите, посебно додека сеуште немаат стабилни и предвидливи приходи.
  • Ограничен пристап до финансирање – традиционалните банки често бараат долга историја и големи гаранции шти ги прави недостапни за стартапите.
  • Недостиг на простор за раст – без потребната финансиска поддршка, тешко е за стартапите да инвестираат во нова технологија, маркетинг, или проширување на нивниот тим.

Минт Кредит – партнер на новата генерација претприемачи

Во Минт Кредит веруваме во иновативноста, храброста и визијата на македонските стартапи. Знаеме дека секоја голема приказна почнува со мала идеја и со вистинска поддршка.

Нашиот бизнис кредит е повеќе од финансиски производ. Тој е партнерство за секој што има амбиција да создаде нешто свое, уникатно и успешно. Со Минт Кредит, стартапите не мора да чекаат совршен момент, можат да го создадат.

Аплицирајте денес за стартап кредит од Минт Кредит и развијте го вашиот бизнис со сигурност, поддршка и брзина.

(ПР)

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Булмак 2016“ уплати 58,2 милиони денари на државата и на општините Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица за концесија

Објавено пред

Компанијата што ги управува рудниците „Злетово“ и „Тораница“, „Булмак 2016“ извести дека во првите девет месеци од 2025 година плати вкупно 58.231.096денари концесиски надоместоци. Од нив 22% одат во државниот буџет, односно 12.810.841 денари, а  останатите 78% или 45.420.255 денари одат во буџетите на Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

„Нашата одговорност се гледа и во бројки и во доверба. Во првите девет месеци од 2025 година пресметавме 58.231.096 денари за концесиски надоместоци, од кои значаен дел се слеваат во четири локални буџети. Тоа се средства за улици, училишта, спорт и услуги што граѓаните ги користат секој ден. Ќе продолжиме со транспарентна комуникација, инвестиции во безбедност и модернизација на нашите рудници и со цврсто партнерство со заедниците во кои работиме,“ вели Тони Тоневски, директор на „Булмак 2016“.

Општина Пробиштип добива 21.694.615 денари, Крива Паланка – 21.817.460 денари, Кратово – 1.384.763 денари и Македонска Каменица – 523.417 денари.

Од „Булмак 2016“ велат дека остануваат посветени на навремено исполнување на сите законски обврски и на отворена комуникација со јавноста.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нестле“ ќе отпушти 16.000 работници

Објавено пред

Од

Прехранбениот гигант „Нестле“ денес објави дека ќе отпушти речиси 16.000 работници во следните две години за да ги намали трошоците.

dobivaj vesti na viber

Компанијата ќе отпушти приближно 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште четири илјади по спроведувањето мерки за подобрување на продуктивноста во производството и синџирите на снабдување.

„’Нестле’ мора да се промени побргу за да се приспособи на променливите глобални услови“, рече извршниот директор Филип Навратил додавајќи дека отпуштањето работници е тешка, но неопходна одлука.

Како дел од новиот план, менаџментот на „Нестле“ има намера да ги намали трошоците за три милијарди швајцарски франци (3,23 милијарди евра) до 2027 година. Досега тие планираа да ги намалат трошоците за 2,5 милијарди франци. Најголемата светска компанија за храна објави намалување на работните места во својот прелиминарен деловен извештај за првите девет месеци од оваа година.

Во периодот од јануари до септември приходите на „Нестле“ изнесуваа 65,9 милијарди франци (70,8 милијарди евра), што е намалување од 1,9 процент во однос на истиот период минатата година. Кога се исклучуваат флуктуациите на валутите и еднократните ставки, приходите се зголемија за 3,3 проценти.

За цела 2025 година, менаџментот на „Нестле“ очекува малку посилен органски раст од минатата година, без да прецизира бројки. Резултатите од минатата година покажаа стапка на раст од 2,2 процента, најниска за најмалку 25 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија9 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија13 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија13 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија14 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија15 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија15 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија15 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија16 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет18 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа18 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа19 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет19 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија1 ден

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија1 ден

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија1 ден

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија1 ден

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...