Свет
Иран отфрла преговори за нуклеарната програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, вели дека Иран нема да разговара за својата нуклеарна програма со преставниците на шестте најмоќни држави во светот
„Ние стално повторуваме дека нашата нуклерана програма не е тема на разговор. Ние единствено учествуваме во разговорите за решавање на меѓународните проблеми, како би помогнале што побргу да се воспостави мир“, нагласи во среда иранскиот рпетседател Махмуд Ахмадинеџад во телевизиско обраќање од градот Казвин, кој се наоѓа во центарланиот дел на Иран.Тој порача дека иранскиот народ нема да дозволи никој да му ги ускратува правата, нагласувајќи дека Иран е подготвен да разговара за теми на „рационална и логична база“. Како предуслов за разговори за иранската нуклеарна програма, Ахмадинеџад вели дека „светските сили треба јасно да го изнесат својот став за нуклеарниот арсенал на Израел, непријателот на Техеран“.Пораката на иранскиот претседател само ги продлабочува сомневањата на Западот за шансите со Техеран да се преговара само за нуклеарната програма на Иран. Најмоќните држави САД, Франција, Русија, Велика Британија, Германија и Кина првично предложија нова рунда на преговори од 15 до 17 ноември во Виена. Во вторникот иранскиот министер за надворешни работи, Манушер Мотаки, изјави дека очекува преговорите на 15. ноември да бидат одржани во Истанбул.Доколку преговорите се одржат, тоа ќе биде прва средба на шесте големи сили со Иран по повеќе од една година, откако ОН, САД и ЕУ воведоа остри санкции кон оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација