Црна хроника
Пријава против закупецот на „Табана“ поради тепачката со смртни последици
СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против И.Е. (33) од Охрид, кој организирал новогодишна забава во „Табана“, каде што дојде до тепачка, во која српски државјанин смртно повреди охриѓанец.
Пријавениот, на кого му било доверено водењето на угостителскиот објект „Табана“ лоциран на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, на први јануари годинава, не презел соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во кафе барот каде имало организиран дочек на новата година. Тој не презел соодветни активности да го спречи нарушувањето на јавниот ред и мир со тепачка и настанот не го пријавил во полициската станица од општа надлежност Охрид.
Пријавениот И.Е. имал договор за краткотраен закуп на угостителскиот објект „Табана“ каде организирал прослава за дочек на новата година. Околу 02 часот и 10 минути, внатре во кафе барот „Табана“, во близина на шанкот, се случила жестока расправија и турканица помеѓу Б.У.(29) од Краљево-Република Србија и сега починатото лице Димитар М. (27) од Охрид.
Со своето однесување и постапка, сега пријавениот И.Е. не се погрижил и не ги презел потребните мерки за зачувување на јавниот ред и мир во јавниот угостителски објект. Тој не презел активности за воспоставување на заштита на животот на присутните граѓани а нарушувањето и тепачката во кафе барот „Табана“ не го пријавил во СВР Охрид, се вели во полициското соопштение. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

