Контакт

Свет

Интеграцијата на Ромите ќе биде приоритет на унгарското претседателство на ЕУ

Објавено пред

Унгарскиот државен секретар за европски прашања Енико Гјори во Париз изјави дека приоритет на унгарското претседателство на ЕУ во првата половина на следната година ќе биде подобрување на европската рамка за интеграција на Ромите.

dobivaj vesti na viber

Унгарскиот државен секретар за европски прашања Енико Гјори во Париз изјави дека приоритет на унгарското претседателство на ЕУ во првата половина на следната година ќе биде подобрување на европската рамка за интеграција на Ромите.

Гјори, по состанокот со францускиот колега Пјер Лолуш, рече дека прашањето на Ромите “не е француски, туку европски проблем”.

„Секој треба да си ја  напише домашната задача за да се обезбеди интегрирање на оваа заедница“, рече таа, мислејќи на родните земји на Ромите, кои се обвинети дека не прават доволно за да обезбедат интеграцијата. Унгарија, каде што живеат околу 700.000 Роми, ќе го преземе претседателството на ЕУ во првата половина на следната година.

„ Искрено се надевам  дека Европејците ќе ја прифатат европската рамка за Ромите до крајот на нашето претседателство”, рече уште Гјори.

Таа постави две цели – пристап до работни места и образование за околу девет милиони Роми кои живеат во Европа. /крај/афп/ит



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Објавено пред

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.

dobivaj vesti na viber

Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.

Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.

Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.

Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.

Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.

Прикажи повеќе...

Свет

Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Објавено пред

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.

dobivaj vesti na viber

Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.

Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.

Прикажи повеќе...

Европа

Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Објавено пред

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.

dobivaj vesti na viber

Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.

Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.

Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ50 минути

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија2 часа

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет3 часа

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа3 часа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет5 часа

Пакистан: Индија ги нападна нашите воени бази, започнавме операција за одмазда

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади во текот на ноќта врз неколку пакистански воени бази, вклучувајќи локации во близина...

Свет6 часа

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија6 часа

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ17 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет20 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија24 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија1 ден

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија1 ден

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија1 ден

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија1 ден

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...