Свет
Хронично се гладни 166 милиони луѓе од 22 земји во светот
Околу 166 милиони луѓе во 22 земји патат од хронична глад или имаат потешкотии да обезбедат храна, стои во извештајот на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (FAO) и Светската програма за храна (WFP).
Околу 166 милиони луѓе во 22 земји патат од хронична глад или имаат потешкотии да обезбедат храна, стои во извештајот на Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (FAO) и Светската програма за храна (WFP).
Војните, природните катастрофи и лошото владино владеење доведоа до состојба на перманентна неухранетост во 22 земји во светот, пренесува Бета.
Меѓу нив се Авганистан, Хаити, Ирак, Сомалија, Судан, Ангола, Бурунди, Чад, Северна Кореја, Брегот на слонова коска, Либерија, Сиера Леоне, Таџикистан, Уганда, Етиопија, Гвинеја, Кенија, Зимбабве, Конго, Чад, Демократска Република Конго, и Централна Африканска Држава.
„Продолжената криза може да се претвори во затворен круг. Опоравувањето на економиите станува сè потешко, а времето си тече“, оценија во извештајот FАО и WFP.
Официјални лица од ОН пресметале дека на едно возрасно лица дневно му се потребни најмалку 1.800 калории за да функционира со минимум сила. Секој кој зема под таа количина автоматски може да се смета за неухранет или пак хронично гладен.
Според FАО и WFP потребно е целта на борбата против глад долгорочно да се насочи кон примена на програми водот кон тоа дека човекот мора да заработува и да живее нормално од неговата заработка./крај/бе/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.