Црна хроника
Фатени четири економски мигранти кои илегално ја минале границата

Полициски службеници во саботата на влез во Гевгелија, при контрола на автобус сопственост на „Руле Турс“ откриле четири лица странски државјани кои илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница.
Лицата се приведени во ПС за ГН и ГП„Богородица“–железнички, при што е утврдено дека се работи за лицата В.А.М.(36) од Либан, А.М.(22) од Мароко, А.Х.(40) и Р.М.(22) двајцата од Авганистан.
По извршениот разговор со лицата констатирано е дека на автобуската станица во Гевгелија непознато лице им ветилo превоз до Србија за сума од 400 евра и откако се договориле на лицето му дале 300 евра и мобилен телефон „Самсунг Галакси“, по што тој им извадил автобуски карти и ги оставил на автобуската станица.
По оперативен пат е дознаено дека се работи за лицето М.И.(45) од с.Мрзенци, кој бил повикан да се јави во ПС на информативен разговор, при што кај него е пронајден телефон „Самсунг Галакси“, кој од страна на мигрантите му бил даден во против вредност од 100 евра. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.