Контакт

Бизарно

Норвешката премиерка ловеше покемони по Братислава

Објавено пред

Норвешка премиерка Ерна Солберг ја искористи официјалната посета на Братислава за лов на покемони по улиците на стариот дел од градот. 

dobivaj vesti na viber

Во придружба на телохранителите, функционери и телевизиски камери 55-годишната Ерна Солберг ја искористи паузата меѓу состаноците за, зјапајќи во својот мобилен телефона, по улиците на Братислава да трага по покемоните.

Норвешката премиерка од претходно е позната како вљубеничка во компјутерските игри. Со глобално популарната игра Pokemon Go ја заразила помладата сестра.

„Таа ме ’навлече’ кога пронајде покемон на мојата веранда“, изјави Солберг во интервјуто за весникот Aftenposten од минатиот викенд.

Словачка во ова полугодие претседава со Европската унија, а Солберг допатува во Братислава, иако Норвешка не е членка на ЕУ, но е тесно поврзана со неа, за да ги брани норвешките интереси по излегувањето на Велика Британија од Унијата./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија26 минути

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија27 минути

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија1 час

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија1 час

ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“

Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави Шефот на Изборниот штаб на Европскиот...

Македонија2 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија2 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија2 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија3 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија4 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...

Македонија4 часа

Мицкоски за сценаријата за кои предупредувал: Се гледа дека се реалност, и Европа се срами од дефанзивните политики на т.н европски политичари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот чин на гласање на претседателските и парламентарните избори со повик до граѓаните да...

Македонија4 часа

Избирачки списоци со проблеми, скратено право на глас, притисоци, прекршување на изборниот молк: Левицата за нерегуларностите во изборниот процес

,,На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачките списоци се полни...

Македонија4 часа

Ковачевски: Денешните избори се оние што ќе ја одредат иднината на државата, и на сегашните и на идните генерации

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори....

Македонија4 часа

Пендаровски: Има информации за обиди за бојкот на претседателските избори

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски...

Македонија5 часа

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од...

Македонија6 часа

ДИК за одѕивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија7 часа

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија10 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија10 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...