Црна хроника
Скопјанец пријавен за нападот на „Партизанска“
Скопската полиција поднесе во вторникот кривична пријава против 28-годишен скопјанец кој минатиот месец претепа сограѓанин кој со телесни поведи беше хоспитализиран на скопскиот Ургентниот центар.
Одделението за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно Јавно Обвинителство – Скопје против И.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Истиот кривичното дело го извршил на 20-ти јули околу 19,30 часот на булеварот „Партизански одреди“ поточно пред кафе бар, во кој грубо го малтретирал оштетениот предизвикувајќи во јавноста чувство на страв и несигурност.
Имено според исказот на оштетениот додека стоел на плочникот пред кафе барот каде го чекал неговиот пријател со кого претходно седеле во објектот, во еден момент му пришол пријавениот и најпрвин физички го нападнал со тупаница и пивско шише кое го земал на една од масите, а потоа и со метална шипка продолжил да го удира по главата и телото, при што од здобиените повреди оштетениот паднал на плочникот, а напаѓачот избегал.
Оштетениот со Брза помош бил пренесен во каде му биле констатирани телесни повреди.
Полициските службеници на СВР-Скопје на местото на настанот извршиле увид и подигнале траги слични на крв, скршено стаклено шише и дел од метална шипка кои се предадени во МВР за натамошно вештачење.
По утврдување на идентитетот на И.М. тој е повикан во полициска станица и извршен разговор во врска кривично правниот настан во кој тој го негира извршувањето на кривичното дело, а од страна на оштетениот во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање при што оштетениот го препознал како лице кое го извршил кривичното дело.
По претходно издадена наредба за претрес на дом, било извршено пребарување на домот на пријавениот, при што не се пронајдени предмети кои потекнуваат или со кои е извршено кривичното дело.
Инаку против И.М. досега се поднесени три кривични пријави за извршени пет кривични дела од областа на имотни (тешка кражба) и сообраќајни деликити (загрозување на безбедноста на сообраќајот)./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

