Спорт
Дожд од рекорди во Рим

Седум нови рекорди го обележаа попладневниотпетти натпреварувачки ден од С.П. во пливање во Рим.
Седум нови рекорди го одбележаа петтиот попладневен наптпреварувачки део ден од С.П. во пливање кое се одржува во Рим. Рајан Лохти не дозлволи Ласло Чех да му го одземе златниот медал ниту пак светскиот рекорд на 200 метри мешано.Изненадување на денот приреди канаѓанката Ана Мари Пирскоја во второто полуфинале изплива за нов светски рекорд совреме од 2.20.12. Феноменална трка имаше и бразилецот Фелипе Сиело Фило со освојувањето на новиот рекорд а зад себе ги остави Алан Бернард и Федерик Бускет.Но фаворитката на 200 м пепрутка Џесика Шипер не дозволи да и се одземе златото ниту светскиот рекорд. Ерик Шанто го приреди второто пријатно изненадување откакосе пласира во финалето на 200 м градно особено ако се земе во предвид дека пред само една година тој се бореше со рак на тестисите. Арон Пирсол го положи поправниот испит откако исплива со време нов рекорд на првенствата од 1.54.06 во првата полуфинална трка на 200 метри грбно. Сепак, неговиот рекорд може да биде загрозенако не успее да триумфира на утрешната трка од јапонецот Ирие Јасуке. Во последната дисциплина на денот штафетата на Кина на 4 пати по 200 метри за жени убедливо триумфира над штафетитена САД и Велика Британија со нов светски рекорд од 7.42.08.Разочарувањето на денот дојде од русинката Анастасија Зуева којазаврши на разочарувачкото четврто место на 50 метри грбно кадешто триумфира Линг Зао од Кина со нов светски рекорд од 27.06.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO