Македонија
Агани : Косовските пациенти да плаќаат како македонските

Косовскиот министер за здравство Ферид Агани од својот македонски колега Бујар Османи денеска побара косовските пациенти да се третираат исто како македонските во однос на плаќањето.
Косовскиот министер за здравство Ферид Агани од својот македонски колега Бујар Османи денеска побара косовските пациенти да се третираат исто како македонските во однос на плаќањето.
„Токму тоа беше нашето барање, граѓаните на Косово да се третираат исто како и граѓаните на Македонија, во делот на услугите кои ги покрива здравственото осигурување. Министерот Османи рече дека тоа ќе биде тема на дискусија на идните групи кои ќе се формираат “, рече Агани.
Тој информираше дека Косовците во Македонија бараат најмногу кардиоваскуларни услуги и онколошки услуги , особено радиотерапија.
Агани, кој на покана на Османи е во дводневна посета на Македонија, рече дека според податоците од 2009 година, нивното Министерство за здравство потрошило 27 милиони евра за косовските пациенти кои се лекувале кај нас.
Министерот за здравство Османи рече дека 1/ 3 од странските пациенти кои се лекуваат во државава, се токму од Косово, но тие во моментов услугите ги плаќаат исто како и другите пациенти од странство.
На новинарско прашање дали олеснувањето на добивањето услуги кај нас за овие пациенти ќе направи поголем хаос на листите на чекање, Османи рече дека согласно со Законот, нашите пациенти ќе имаат предност. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевска: СДСМ и Мартин Костовски во очајнички обид да се спасат од агонија, измислуваат физички напад

СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски, ја демантираше изјавата на кандидатот за градоначалник на СДСМ – за наводен физички напад врз активисти на социјалдемократите, носеителката на советничка листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска.
„Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано.
Ова се очајнички обиди а СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста. Таквите очајнички чекори се резултат на агонијата во која се наоѓаат како последица на анкетите направени во предизборието кои велат дека ги очекува убедлив пораз. Поточно, убедлива победа на Движењето ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски“ потенцираше Ѓорѓиевска.
Ние, рече таа, немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. „ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа. Победа за Куманово да продолжи да се менува“, посочи Ивана Ѓорѓиевска.
Македонија
Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови

Времето во текот на утрешниот ден, претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Мицкоски: Да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

„Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат убедливи победници. Тоа сите го знаат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Сарај во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела, на 19 октомври.
Мицкоски испрати порака за масовно излегување на изборите на 19 октомври.
„Затоа што ценам дека на тој начин ќе имаме континуитет во реформите, на тој начин ќе имаме континуитет во испораката и мислам дека на тој начин ќе продолжиме заедно да чекориме. Да не дозволиме да се вратат сите оние структури коишто седум години ја уништуваа, ја ограбуваа Македонија и ја распродаваа Македонија“, рече Мицкоски.
Од Сарај, Мицкоски се осврна и на политичката партија ДУИ за која рече дека 20, 22 години била дел од различни владини структури, која сега се чувствува неприродно во една поинаква позиција кога се во опозиција и која цела кампања, посебно првата недела му ја посветила на него.
„Немаше митинг најмалку по 15 до 20 пати да го спомнат моето име. Сакав едно време да им се јавам да им кажам „аман луѓе дајте кажете што ќе правите четири години. Дај оставете или зборувате за Кристијан или како ќе се вратите на власт, или правите етнички поделби“. Тоа беше целата кампања на ДУИ“, рече Мицкоски.
Мицкоски даде одговор и на повиците од ДУИ за предвремени парламентарни избори.
„Замислете да има предвремени парламентарни избори и замислете на тие предвремени парламентарни избори, еве ДУИ да има добар резултат, бидејќи од другава страна се знае дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, после големата победа на локалните избори, на парламентарни евентуални избори би освоила огромно мнозинство гласови, можеби 61 пратеник. Со кого ќе прават коалиција, како ќе ја гласаат мојата Влада? До пред 5-6 месеци не им чинев, Кристијан ваков, Кристијан таков, како ќе ја гласаат мојата Влада, како ќе бидат мои министри. Еве јас го поставувам тоа прашање, не можат да измислат друг. Еве ние имаме 61, што правиме тогаш? Или ќе заборават? Ќе речат тоа не важи, сега ќе се препакуваме како што тоа го правевме 20 и повеќе години, нашиот личен интерес ќе го ставиме пред сè и ќе си функционираме како да ништо не било. Тоа така не бива“, порача Мицкоски.