Македонија
Групата македонски граѓани пристигна во Париз без визи
Симболично со денешното патување во Париз на 150-те македонски граѓани, студенти и новинари се отворија вратите на ЕУ
Тие придружувани од вицепремиерот Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска без ограничувања само со биометриски пасоши зачекорија во европската шенген зона.„Ова е историска придобивка која значи слобода на движење, достоинство за граѓаните и можност за непречена размена на искуства и знаења, рече министерката за внатрешни работи Јанкулоска. Taa нагласи дека ова е прв, но голем чекор за евроинтеграциите бидејќи Македонија и македонските граѓани неминовно и припаѓаат на ЕУ. Вицепремиерот Наумовски, пак, посочи дека паѓањето на визната бариера е историски успех на Република Македонија и македонските граѓани што се должи на конкретните резултати постигнати во изминатиот период пред се во областа на внатрешните работи.„Ние сме убедени дека со ова македонските граѓани се чекор поблиску до Европа, чекор поблиску до остварување на нашата конечна цел – полноправното членство во ЕУ. Македонските граѓани веќе од денес ќе може директно да се уверат во тоа како изгледа ЕУ, како таа функционира, кои се европските стандарди кон кои се стреми Владата на Република Македонија и кој е начинот на живот кој што ние ќе го воведеме и во нашата татковина“, рече Наумовски.Групата македонски граѓани изутрината од скопскиот аеродром со шампањ и француски кроасани ги испрати в.д. амбасадорот на Франција во Македонија Изебел Гинел. За време на неколкучасовната обиколка на Париз први ќе можат да ги почуствуваат придобивките од патувањето без визи и еврпскиот дух преку пулсот на француската престолнина која со своето пошироко опкружување брои 12 милиони жители. Покрај Ајфоловата кула лоцирана во комплексот Трокадеро која е најпосетувана туристичка атракција, тие ќе можат да ја видат катедралата Нотрдам односно Богородичната црква која се смета за најубав пример на француската готска архитектура, како и Триумфалната капија изградена од Наполеон Бонапарта. Составен дел на обиколката по Париз е и дворецот Лувр во кој е сместен најголемиот музеј во светот. Париз важи за град со најразвиена економија и највисок бруто домашен производ. Учествува со една четвртина во вкупниот буџет на Франција. Во него се сместени и работат 37 од 500-те најголеми компании во светот, седиште е на многу интернационални организации. Годишно го посетуваат на 45 милиони туристи поради што се смета за еден од најпосетуваните градови во светот, а важи и за еден од најромантичните. За групата македонски туристи во Амбасадата на Македонија во Франција ќе биде организиран коктел на кој ќе се обратат вицепремиерот Наумовски и претставник на француската држава со што се заокружува нивната еднодневна посета на Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

