Свет
САД применуваат џиновски ножици за нафтената дамка
Националната служба за вонредни состојби на САД користи масивни ножици со кои треба да ги пресече скршените подводни цевки, кои излеваат нафта во Мексиканскиот залив, објави раководството за водење на активностите за справување со нафтената дамка.
Националната служба за вонредни состојби на САД користи масивни ножици со кои треба да ги пресече скршените подводни цевки, кои излеваат нафта во Мексиканскиот залив, објави раководството за водење на активностите за справување со нафтената дамка. Новиот обид на американската влада следи по неуспехот на специјалната дијамантска пила, кој во средата се закопа и закочи. „Подоцна направата беше ослободена, но работниците, сепак одлучија да продолжат со обидите со огромните ножици,“ коментира адмиралот Тад Ален, шеф на активностите за справување со дамка. Пред американската телевизија АВС, адмирал Ален рече дека новиот обид се состои од импресивни подводни механизми или “големи хидраулични ножици” кои откако ќе ги пресечат цевките, со други уреди треба да се наполнат и затворат. Досега сите обиди на компанијата Бритиш Петролеум за сопирање на истекувањето на нафтата, беа неуспешни. Шест недели од почетокот на катастрофата кога експлодира нафтена платформа при што загинаа 11 работници, нафтениот гигант БП и понатака смислува начин привремено да го сопре истекувањето на нафта во Мексиканскиот залив. Нафтената дамка е најголема во историјата на САД и истата се заканува да направи огромна еколошка катастрофа во овој дел од земјата. /крај/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

