Контакт

Надворешна политика

Хан ги објави итните реформски мерки што ЕК ги бара од Македонија

Објавено пред

Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан го поздрави исходот од состанокот на политичките лидери што се одржа вчера во Скопје во присуство на амбасадорите на ЕУ и САД

dobivaj vesti na viber

Во соопштение на Европската комисија, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, се цитира изјавата што Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети ја дадоа по состанокот, а во која се вели дека тие како лидери на главните политички партии се согласиле повторно да ја потврдат својата целосна посветеност на договорот од 2-ри јуни и да продолжи дискусијата за негова целосна имплементација на лидерско на ниво на 29 јуни.

„Ние, исто така, даваме поддршка на транспарентното ракување од страна на ЕУ со текстот на овој договор, како и на сите специфични препораки во однос на системските реформи во областа на владеењето на правото што треба да се спроведат во интерес на сите граѓани, го цитира Еврокомисијата договорот од Скопје.

Во однос на договорот на македонските политички лидери, неформалната Влада на Европската унија обезбеди приоритети за итна реформа на релевантни прашања од владеењето на правото, потенцирајќи многу приоритети што според ЕК „Република Македонија треба да ги исполни во областа на владеењето на правото и основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на изразување и изборните реформи“.

„Овие реформски приоритети се изготвени од страна на Европската комисија, врз основа на претходно издадени препораки и претходно договорените реформски приоритети во овие области, што се потврдија и надополнија од страна на наодите од група на високи експерти. Тие се наменети за решавање на системски слабости својствени на одлуки и содржината на откровенијата од откриеното прислушување, како и повеќе поврзани слабости што придонесоа за ситуација која доведе до сегашната политичка криза“, наведува Еврокомисијата.

Притоа, официјален Брисел наведува дека следењето и спроведувањето на овие реформски приоритети ќе се остварува преку контакти со сите релевантни чинители и Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), заедно со други реформски приоритети што се вклучени во него, како на пример меѓуетничките односи и економското управување (вклучувајќи управување со јавните финансии), пренесува МИА.

„Овие итни приоритети за реформа мора да се читаат во врска со подеталните техничката група на „препораки од високи експерти“ за системското владеење на законот во врска со следењето на комуникациите, што се откриени во пролетта оваа година, при што сите треба да се спроведат во целост. Претходните препораки дадени во Извештајот за напредокот и во рамките на Дијалогот на високо ниво продолжуваат да важат“, наведува ЕК во препораката до Македонија.

Конкретно, неформалната Влада на ЕУ, во делот на владеењето на правото и судството, бара:

– Деполитизација на назначувањето и унапредувањето на судиите и јавните обвинители, во пракса, не само во теорија, врз основа на транспарентни, објективни и строго врз основани на заслуги критериуми, што ќе се применуваат во транспарентна и отворена постапка.

– Да се воспостави хармонизиран систем за управување со перформанси врз основа на квалитативни и квантитативни стандарди, како основа за сите одлуки во кариерата.

– Да се отстранат елементите на системот на дисциплина и разрешување на судиите што во моментов се мешаат во независноста на судството и во законодавството и практиката.

– Обезбедување на професионалност на Судскиот совет, во практика не само во теорија (т.е. јасен и предвидлив тест за примена на законското барање за “истакнат адвокат”).

– Да се обезбеди повеќе про-активна улога од страна на Судскиот совет и повисоките судови во заштита на судиите од попречување на нивната независност (и преку подобрување на комуникациски стратегии и преку одлучна акција по жалби на пречки или притисок).

– Подобрување на квалитетот на обуката, буџет и автономија на Академијата за судии и обвинители (и да се поттикнат назначувања на националните судии).

– Обезбедување на објавување на сите судски одлуки во рамките на јасни рокови наметнати со закон (и да се обезбеди целосна “истрага” и олеснување на пристапот).

– Развивање на учинокот на вкупната должина на постапката, со посебен фокус на “старите случаи”.

– Да се обезбеди брзо извршување на сите пресуди против земјата (особено преку развивање на практични и крајно ефективни мерки за секоја категорија на случаи).

Во однос на функционирање на судскиот и парламентарен надзор на следењето на комуникациите, Еврокомисијата препорачува:

– Да се обезбеди јасна поделба на овластувањата и прописите во врска со следењето на комуникациите за водење на кривична постапка, од една страна, и за безбедносните цели од друга страна.

– Да се отстрани посредничката функција на Управата за беднесност и контраразузнување (УБК) како “чувар” за следењето на активностите за спроведување на законот (полиција, царина, финансиска полиција).

– Да се отстрани директниот пристап на УБК до техничка опрема што дозволува надгледување на комуникациските сигнални телеком-провајдери (т.е. целосно отстранување на практичната и техничката способност на УБК да ги фаќа комуникациите директно).

– Појаснување во закон и во пракса дека давателите на телекомуникациски активираат и пренасочуваат сигнали до надлежните за спроведување на законот (полиција, Царинската управа и Финансиската полиција) или агенции за безбедност (Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК), Агенцијата за разузнавање и Министерството за одбрана е воената безбедност и разузнавање) само по претходен прием на судски налог, а само за целите на законски преминувања.

– Воведување алатки за управување со ризик да се насочуваат и водат сите разузнавачки операции, како и засилена безбедност на податоците и складирање.

– Да се обезбеди соодветна обука на вработените за заштита на податоците, основни права, професионална етика и интегритет.

– Да се обезбеди непосредно и редовно одржување на соодветните парламентарни комисии за следење на комуникациите и безбедност и контраразузнавање и нивна лесна работа.

– Да се обезбеди усогласеност на овој Комитет со нивните законски обврски за известување, како и нивна способност да се добијат без пречка потребните податоци, сведоштва, техничка помош и пристап, потребно за производство на овие извештаи.

А, за независни регулаторни, супервизорски и надзорни тела, Брисел од Македонија бара најпрво да се обезбеди доволно автономија на независните регулаторни, супервизорски и надзорни тела, не само во теорија, туку во практика, со цел ефикасно да дејствуваат и да се ослободени од политички притисок. Ова, според Еврокомисиајта бара не само про-активни напори од органите, туку и политичка волја на сите други учесници што ќе им овозможи да ги извршуваат своите функции како што е предвидено со закон, вклучително и преку распределба на доволни финансиски средства.

Исто така, од Македонија се бара да обезбеди дека членството во независните регулаторни тела е врз основа на професионална компетентност, професионално искуство релевантно за областа и компаративни заслуги. А, потребно е и да се обезбеди дека препораките на Народниот правобранител и други советодавни тела се следат од страна на сите државни органи со целосно почитување на законот и принципот на отчетност.

Брисел бара и да се обезбедат ефективни законски санкции за непочитување на барањата и препораките на независните тела и да се обезбеди дека Канцеларијата на Народниот правобранител е во целосна согласност со Париските принципи.

Во врска со Антикорупциската политика и законодавство, неформалната Влада на Европската унија, во својот предлог за спроведување на итни мерки во Македонија бара воспоставување веродостојна евиденција на корупцијата на високо ниво, а особено да се осигура дека сите тела за спроведување на законот и на надзорни тела имаат доволно автономија да дејствува самостојно во согласност со законот (кредибилитетот на евиденција на тековниот резултат што пати од недостаток на голем број на случаи на високо-позиционирани лица последниве години).

Општо земено, според Брисел, борбата против корупцијата треба да се зајакне, како и да се подобри контролата на судир на интереси и имотот на избраните и именуваните функционери преку воспоставување централен регистар на ваквите официјални лица. А, се препорачува и работа со експерти на ГРЕКО за воспоставување нов, сеопфатен механизам за заштита од т.н. “свиркачи” во согласност со последните препораки на Советот на Европа и најдобрите европски практики.

Комисијата има препорака и за лустрацијата, каде според неа „треба да се отстранат сериозните недостатоци и да ревидира/укине Законот за лустрација и неговото спроведување (посебно во врска препораките на Венециската Комисија) во однос на привремените временски ограничувања. Во овој дел се препорачуваат мерки за заштита од политички, идеолошки или партиски причини кои се користат како основа за лустрација и исклучување на лицата на приватни или полуприватни позиции и посилни механизми за заштита на идентитетот на предмети до конечната судска одлука.

Еврокомисијата препорачува и деполитизација на јавната администрација и тоа преку:

– Спроведување на ригорозно нова законска рамка, Закон за административни службеници и Закон за јавни службеници, со целосно почитување на принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност.

– Политиките за вработување треба да ги следат принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност во јавната служба и преку отворена процедура и да нема натамошни вработувања кои не ги почитуваат правилата.

– Да се воведе мораториум на имплементацијата на Законот за трансформација на привремените позиции во постојани договори додека принципот на заслуги не биде под целосна опсервација во процесот на трансформација.

– Обезбедување податоци за вкупниот број вработени во јавните служби во сите владини министерства, агенции и други органи, поделени по сектори.

Официјален Брисел предлага итни изборни реформи, кои според препораката, треба „да се завршат во согласност со заложбите на ОБСЕ/ОДИХР и препораките на Венецијанската комисија, вклучувајќи и зголемување на обемот и можностите за поднесување жалби и приговори, обезбедувајќи доволна поделба меѓу државата и активностите на политичките партии и да се обезбеди двопартиски пристап на изборните органи на сите нивоа“.

Исто така, се бара да се спроведе ревизија на Избирачкиот список, во согласност со заложбите и препораките на ОБСЕ/ОДИХР и оценка на точноста и комплетноста на гласачките податоци особено во однос на можните дупликат-гласачи, запишани избирачи посебно со детали од лична карта и пасош и адреси со голем број на регистрирани гласачи.

Се бара и да се идентификуваат области на потенцијално подобрување на точноста на гласачките податоци и да се ревидира и подобри точноста на Избирачкиот список.

ЕК бара спроведување на препораките на Комитетот за истрага од 2013 година во однос на подобро функционирање на Парламентот и закажување на неговата работа. А, на крајот во препораката за итни реформи до македонските политички чинители, Брисел се осврнува медиумите и слободата на изразувањето. Притоа, во однос на јавниот сервис се бара “Обезбедување на материјални докази за тековните политики, организација, обука и уредувачки реформи во рамките на јавниот радиодифузен сервис, со цел решавање на редовните критики од минатото во врска со недостатокот на политичка независност и недостиг на балансирано известување, како и да обезбеди информативна, високо-квалитетна содржина”.

Во однос на рекламирањето на Владата, Еврокомисијата бара воспоставување строги правила за рекламирање на Владата врз основа на транспарентни, објективни и недискриминаторски критериуми. Исто така се бара да се обезбеди целосна транспарентност на рекламите на Владата (не само за трошењето на јавните финансии, но, исто така и за корисниците и содржината). Во овој дел, Брисел инсистира и да се развие механизам за неплатени јавни огласи од карактер на вистински јавен интерес.

Во однос на пристапот до информации, ЕК вели дека треба да се имаат предвид главните пречки со кои новинарите се соочуваат во добивањето информации од јавен карактер (на пример неуспехот на надлежните органи да одговорат на многуте барања за информации, неоправдано прекумерната употреба на “доверливи” документи што не се од таква природа).

Во однос на клеветата, пак, Европската комисија го бара следното од Македонија:

– Намалување на бројот на случаи на клевета што би се постигнало во судовите преку: ревидирање на законската регулатива и да се отстрани „чест”, „достоинство” и „навреда” од типот на случаи кои повеќето се огледуваат под законска дефиниција за навреда и кои потпаѓаат надвор од опсегот на клевета, во смисла на член 10 од Законот.

– Ревидирање на процедуралните правила за да се исклучат неважните случаи и наместо тоа зголемување на употребата на медијација за нивно решавање.

– Поддршка и промовирање на поголема употреба на саморегулацијата како алтернатива на судските постапки.

– Гаранција и спроведување, на политичко ниво, остварување на соодветна воздржаност од страна на политичарите и јавните функционери кои не треба да прибегнуваат кон акции за клевета во согласност со принципите./крај/мф/сн

Извор: МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија5 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија6 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ9 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија9 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија9 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ10 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија11 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ11 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа13 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион13 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа13 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет14 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет14 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија1 ден

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет1 ден

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...