Спорт
Даниел Леви пред големи одлуки
Оваа година Тотенхем и покрај одличните настапи во Лигата на шампионите во домашното првенство не избори пласман меѓу четирите најдобри екипи. Со тоа и можноста и наредната година да игра во Лигата на шампионите отпадна.
Оваа година Тотенхем и покрај одличните настапи во Лигата на шампионите во домашното првенство не избори пласман меѓу четирите најдобри екипи. Со тоа и можноста и наредната година да игра во Лигата на шампионите отпадна.Тренерот Хари Редкнап бара сопственикот да ја засили екипата за наредната сезона.„Доколку сакаме да одржиме чекор со Манчестер Јунајтед, Челзи и Арсенал, па и со се подобриот Манчестер Сити мораме да купиме тројца врвни фудбалери, инаку не само наредната година, туку и во идните неколку години нема да играме во Лигата на шампионите“ изјави Редкнап.Сепак сопственикот Даниел Леви ќе има тешка задача. Треба да донесе тројца одлични фудбалери кои ќе играат само во Лигата на Европа, а згора на тоа уште потешко ќе му биде да ги задржи двајцата најдобри свои фудбалери, Герет Бејл и Лука Модрич за кои веќе фрчат понуди од другите клубови на островот./крај/Макфакс/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA
Спорт
Почина легендарниот голман на Реал
Утрото по победата (2:1) над Барселона во „Ел Класико“, навивачите на Реал Мадрид добија тажна вест.
Легендарниот голман на мадридскиот клуб, Хозе Мануел Очоторена, почина на 64-годишна возраст.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, и одборот на директори на Реал Мадрид изразија длабоко жалење поради смртта на Очоторена.
„Во овие тешки моменти, Реал Мадрид испраќа искрено сочувство до неговото семејство, поранешните соиграчи, пријателите и сите клубови за кои играше за време на неговата богата кариера“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Очоторена го носеше дресот на Реал Мадрид шест сезони, од 1982 до 1988 година. Во тој период, тој освои два Купа на УЕФА, три титули во шпанското првенство и еден Лига куп.
Покрај Реал, тој ги бранеше и боите на Валенсија, Тенерифе, Логроњес и Расинг Сантандер. Во сезоната 1989/90, како член на Валенсија, го освои престижниот Трофеј Замора, наградата за голманот со најмалку примени голови во Ла Лига.
Тој беше дел од шпанската репрезентација на Светското првенство во Италија во 1990 година.
По неговата играчка кариера, тој остави длабока трага и како тренер на голмани, работеше во Валенсија, Ливерпул и во шпанската репрезентација 17 години, од 2004 до 2021 година.
Тој тренираше голмани од познатата генерација што владееше со светскиот и европскиот фудбал и освои три последователни титули во 2008, 2010 и 2012 година.

