Црна хроника
Уапсен Сулејман Османи, осомничен за настаните во Куманово

Косовската полиција во понеделникот го уапсила Сулејман Османи, командант Сула кој и избега на македонската полиција додека им го покажувал скриеното оружје од полициската станица во Гошинце.
“Можам да потврдам дека, врз основа на меѓународната потерница издадена од Македонија, косовската полиција вчера уапси осомничено лице со иницијали С.О, за кое постои сомневање дека бил вклучен во случајот во Куманово“ изјавил портпаролот на косовската полиција, Баки Келани.Османи бил уапсен во куќа во селото Летнице, општина Витина. Кај него бил пронајден пиштол со муниција.Османи побегнал во Косово, а е осомничен за инцидентот во Куманово којшто се случи на 9 и 10 мај кога два дена македонската полиција водеше борби со голема вооружена група во „Дива населба“ во Куманово. Освен за инцидентот во Куманово, Османи е осомничен и за нападот на караулата во Гошинце што се случи претходно.Во неговата куќа во Брест беше пронајден голем дел од украденото оружје од караулата. Откако и избега на македонската полиција Османи за косовските медиуми изјави дека по телефон добиле информации дека ќе ги преземе ОБСЕ и затоа се предале во Куманово.Во борбите загинаа осум полицајци и десетмина припадници на вооружената група./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.
Топ
Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
„Синоќа во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со патничко возило застава 101 со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека С.Ф. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.