Контакт

Европа

Случај Меккејн: Голем одѕив по апелот на британската полиција

Објавено пред

Британската полиција примила повеќе од 300 телефонски повици и 170 електронски пораки како одговор на апелот упатен преку емисијата „Crimewatch“ во понеделникот навечер во врска со препознавањето на фотороботот на маж за кој постојат сомневања дека е инволвиран во исчезнувањето на малата Медлин Меккејн.

dobivaj vesti na viber

Британската полиција која води глобална потрага по девојчето Медлин Меккејн којашто исчезна во 2007 година, објави во неделата дека има нова верзија на настаните во врска со нејзиното наводно грабнување. Меккејн на возраст од три години исчезна од апартман во португалското летувалиште Раја да Лус, во мај 2007 година, во време додека нејзините родители со пријателите биле на вечера во блискиот ресторан. Исчезнувањето на девојчето поттикна голема потрага којашто долго време го привлекуваше вниманието на медиумите поради мистериозноста на целиот случај.

Во соопштението што во неделата го издаде британската полиција, се вели дека постои план за објавување на повеќе компјутерски изработени фотороботи на лица коишто се бараат поради полициски распит. Полицијата најави дека преку телевизијата ќе ги повика граѓаните да дадат информации за овој случај, „Целта на повикот е идентификување на тие мажи, за да ги елиминираме видените, и невините, односно да утврдиме дали и како се поврзани со случајот“, Реконструкцијата на временскиот редослед на настаните кој сега го направивме дава нова важност на некои ситуации движењето на одредени лица“, се вели во соопштението на британската полиција.

Првиот јавен апел полицијата го упати во понеделникот навечер во гледаната емисија „Crimewatch“ на британскиот јавен радиодифузен сервис BBC во која Скотланд јард наведе дека во грабнувањето на Медлин Меккејн има знаци на „однапред планирано киднапирање“

Во емисијата „Crimewatch“ прикажана беше детална реконструкција на настаните околу исчезнувањето на девојчето во траење од 25 минути и таа во текот на оваа седмица ќе биде прикажувана и на телевизиите во Ирска, Холандија и Германија бидејќи голем број туристи од овие земји во тој период престојувале во португалското летувалиште Праја да Луз.

По емитувањето на пролог, британската полиција добила 300 телефонски повици и околу 170 електронски пораки, а многу од нив, како што вели полицијата во вторникот, досега не се јавиле во истрагата.

Полицијата засега е концентрирана на маж чиј фоторобот го објави во понеделникот навечер, а кој е виден како носи русокосо дете, на возраст од три или четири години., облечено во пижама во близина на апартманот во кој било сместено семејството Меккејн. Можно е, вели претставник на британската полиција, дека тоа била Медлин, но е можно да има и сосема поинакво објаснување.

Британската полиција објави и дека истражува врски со провалии лажни собирања на милосрдие во таа област. Бројот на провалувањата во тоа одморалиште бил зголемен за четири пати во периодот меѓу јануари и мај 2007 година и едно од можните сценарија е дека Медлин ги изненадила крадците. Истражителот на британската полиција Едни Редвуд изјави дека сведоците виделе одреден број мажи со сомнително однесување во областа и можно е тие да вршеле набљудување на целите на провалниците.

Родителите на исчезнатото девојче, Кејт и Гери Меккејн, исто така, учествуваа во емисијата и рекле дека се „полни со надеж и оптимизам“ по оваа реконструкција на настаните и новиот апел до евентуалните сведоци.

Португалската полиција ја затвори својата истрага за исчезнувањето на Медлин Меккејн во 2008 година без никакви конкретни резултати, меѓутоа Скотланд јард во 2011 година започна ревизија на случајот и во 2013 година реши повторно да отвори истрага врз основ ана добиени нови информации./крај/мф/сн

Европа

(Видео) Пожар во магацин по експлозија во Англија: „Огромна огнена топка“

Објавено пред

Силна експлозија, по што избувна синоќа голем пожар во магацин во индустриската зона Граундвел во Свиндон, Англија. Голем број служби за итни случаи беа на местото на настанот, а полицијата ја евакуираше непосредната околина, објави Скај њуз.

dobivaj vesti na viber

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила беа повикани на местото на настанот околу 19:30 часот. Противпожарната и спасувачка служба на Дорсет и Вилтшир потврди дека најмалку 10 противпожарни возила и специјализирани возила, вклучувајќи платформа за скали и цистерни за вода, се на местото на настанот, борејќи се со голем пожар во магацинот.

Полицијата од Вилтшир ги повика луѓето што живеат во близина да останат во своите домови, да ги затворат сите прозорци и да ја избегнуваат областа на индустриската зона за сопствена безбедност. Тие додадоа дека нема потреба од евакуација на другите жители во близина.

Неколку локални жители на социјалните мрежи изјавија дека ја почувствувале експлозијата. Клое Хакет напиша дека имало „масивна експлозија“ и дека нејзината куќа „буквално се тресела“.

„Огромна огнена топка. Навистина се надевам дека никој не е повреден и се надевам дека службите за итни случаи ќе останат безбедни“, рече таа.

Анџела Вилис додаде: „Се прашував што е тој огромен шум. Ми ја затресе вратата. Мислев дека некој се обидува да провали. Се надевам дека сите вклучени се добро и се надевам дека никој не е повреден“.

Еден корисник напиша дека „буквално почувствувал како целата куќа се тресе“ и додаде: „Свиндон буквално гори“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинските напади даваат резултати: половина од бензинските пумпи на Крим останаа без бензин

Објавено пред

Околу 50 проценти од бензинските пумпи во окупираниот Крим и Севастопол престанаа да продаваат бензин поради прекини во снабдувањето со гориво, објави рускиот провладин медиум „Комерсант“.

dobivaj vesti na viber

Изданието, повикувајќи се на податоци од следење на 17.000 руски бензински пумпи, наведува дека недостиг е регистриран и во други региони, но ситуацијата е најтешка на полуостровот.

Јужниот федерален округ, кој го вклучува и окупираниот Крим од Русија, беше меѓу најтешко погодените, со повеќе од 220 станици, или 14,2 проценти од вкупниот број, кои ја запреа продажбата на гориво.

Помеѓу 28 јули и 22 септември, бројот на бензински пумпи што продаваат гориво во Русија се намали за 2,6 проценти.

Прекинот следеше по бранот украински напади со беспилотни летала врз руските рафинерии во август, што ги ограничи снабдувањето и ја принуди Москва да го намали извозот.

Според „Фајненшл тајмс“, Украина нападнала најмалку 16 од 38-те рафинерии на Русија од август 2025 година, туркајќи го рускиот извоз на дизел на најниско ниво од 2020 година.

Украина ги повика западните сојузници да воведат дополнителни санкции врз руската енергија, тврдејќи дека намалувањето на приходите од нафта ќе ја ослабне способноста на Москва да ја финансира војната.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Колку убаво горат“: Украинците уништија руски авиони на Крим

Објавено пред

Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) изврши успешен напад со беспилотни летала во окупираниот Крим, уништувајќи два руски транспортни авиони Ан-26 и две радарски станици, објави агенцијата на 25 септември. Нападот е дел од тековните напори на Украина за елиминирање на клучните руски воени средства на полуостровот, објавува „Киев Индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, специјалните сили на агенцијата ги запалиле авионите и уништиле руски радарски систем за површинско набљудување и крајбрежна радарска станица МР-10М1 Мис М1. Антонов Ан-26, двомоторен турбопропелерски авион од советската ера, често се користи за транспорт до 40 војници или 5,5 тони товар на кратки и средни растојанија. Уништените радарски станици се клучен дел од крајбрежниот одбранбен систем, одговорни за рано предупредување и следење на цели на море.

ХУР објави и видео од нападот на социјалните мрежи со пораката: „Колку прекрасно горат транспортните авиони Ан-26 на московјаните – погледнете го видеото!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Параглајдинг несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера, околу 18:30 часот, добила повик од група параглајдеристи кои летале од падините на...

Македонија2 часа

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред паркот „Жена Борец“: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жени

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија2 часа

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа4 часа

Украина: Соборивме моќен руски Су-34

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет4 часа

(Видео) Хутите испукаа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет4 часа

Трамп е убеден во „тројна саботажа“ во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет4 часа

(Видео) Хонг Конг се опоравува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...

Свет5 часа

Макрон: Цивилите и заложниците во Газа не смеат да бидат оставени во рацете на Нетанјаху

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ја критикуваше владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нејзиниот став во врска со војната...

Европа5 часа

(Видео) Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска: oва е втор пат оваа недела

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив е затворен неколку часа, соопшти данската...

Македонија15 часа

Филипче: Поради пропаднатата коалиција со Арсовска и политичкиот инает, Скопје остана без клучни одлуки

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска од Аеродром изјави дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведоа Скопје...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Нашите соседи наместо да не поддржат користат вето, крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН....

Македонија21 час

Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Од таму...

Македонија22 часа

Спирометрија, ЕКГ и други испитувања денес и утре ќе им се прават на жителите на Трубарево: многумина одбија да се евакуираат за време на пожарот, вели министерот Алиу  

Денес и утре, во периодот од 10 до 16 часот, две екипи од Клиниката за пулмологија со амбулантни возила ќе...

Македонија23 часа

Арсовска до Мицкоски: Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец не знаејќи каков навистина си

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со реакција по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека чуствува одговорност што ја поддржал Арсовска...

Македонија23 часа

За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Судството во служба на Заев и Филипче, пресудата за докторката од Онкологија е срамна

ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката на судот да изрече условна казна од две години за докторка од Клиниката за онкологија и...

Свет1 ден

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Бангкок

Дел од патот се урна утрово пред болницата Ваџира во главниот град на Тајланд, Бангкок. Дупката беше долга 30 метри,...

Свет1 ден

(Фото) Супертајфунот го погоди Хонг Конг; 14 мртви, повеќе од 100 исчезнати на Тајван

Супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди денеска Хонг Конг, со ветрови со сила на ураган...

Свет1 ден

Трамп: Украина може да врати сè што изгуби, можеби и повеќе! Путин е во голема неволја

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на својата социјална мрежа во која тврди дека Украина, со поддршка на Европа и...

Европа1 ден

(Фото) Украинците уништија еден од најмоќните руски системи

Руски извори објавија снимки што индиректно го потврдуваат успехот на неодамнешниот украински напад, на кои се прикажани уништени и тешко...