Надворешна политика
Вељаноски – Батели: Сите засегнати фактори да направат напори за подобрување на политичката клима
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во четвртокот се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното Собрание на ОБСЕ во Виена.
На средбата се разговараше за актуелните случувања во државата, можните исходи од моменталните политички случувања, како и за тековните активности на Собранието на Република Македонија и посветеноста на земјата во остварувањето на реформите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори за влез во Европската унија и НАТО.
Вељаноски го поздрави постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии за надминување на несогласувањата и изрази надеж дека наскоро Собранието ќе почне да функционира во полн состав бидејќи работата на Собранието и неговиот придонес во функционирањето на една држава е од исклучително значење.
Соговорниците се согласија дека политичката дебата треба да се одвива во Собранието бидејќи собраниската говорница е најдобар инструмент преку кој може да се изразат мислењата и ставовите и затоа опозицијата треба конструктивно да учествува во работата на Собранието.
Специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели истакна дека е потребно да се имплементира договорот кој политичките партии го постигнаа во посредство со комесарот Хан, особено забелешките во однос на Избирачкиот список за да се избегнат бројни шпекулации во иднина.
Потребно е да се работи на тоа граѓаните да ја вратат довербата во институциите, а ова е клучен момент во таа насока. На крајот на средбата соговорниците изразија надеж дека сите засегнати фактори ќе дадат позитивен импут за подобрување на политичката клима во државата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.