Свет
Воената вежба што светот ја исчекуваше со страв траеше 40 минути

Јужнокорејската армија денеска за околу 40 минути ја заврши воената вежба за боево гаѓање којашто беше спроведена недалеку од границата со Северна Кореаја
Краткотрајните воени маневри се одвиваа во близина на градот Пхочхон, кој се наоѓа на 30 километри јужно од демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.Според извештајот на воената команда на Јужна Кореја, во вежбите учествувале 800 лица, шест борбени авиони, хеликоптери, ракетни лансери, тенкови и противтенковски ракетни системи. Севкупно, во вежбата биел употребени повеќе од сто различни видови на оружје. И покрај краткото траење на овие воени вежби, јужнокорејската команда ги нарече најголемите во историјата на земјата во однос на заедничкото дејствување меѓу копнените трупи и воздухопловните сили.Инаку, севкупно Јужна Кореја оваа година спроведе 47 воени вежби.Локалната телевизиска станица YTN емитуваше снимки од почетокот на вежбите во 6 часот по макеоднско време, но потоа јужнокорејксото министерството за одбрана појасни дека маневрите започнале всушност со 45-минутно задоцнување.Претходно во четвртокот наутро, севернокорејската државан новинска агенција КЦНА (KCNA) пренесе дека властите во Пјонгјанг ги критикуваа плановите на Јужна Кореја да ги одржи големите воени вежби, но овојпат немаше закана за воен одговор, како што беше случај минатиот викенд.Ситуацијата на Корејскиот полуостров останува напната по престрелката меѓу двете страни на 23-ти ноември во областа на островот Јонпендо во Жолтото Море. Во престрелката загинаа два јужнокорејски војника и два цивила.Во понеделникот, јужнокорејската армија, ја спроведе поморската воена вежба исто така со боево гаѓање токму во областа на островот Јонпхендо. На тоа официјален Пјонгјанг одговори дека сметал дека е „немало потреба да реагира“, иако претходно предупреди дека ќе одговори жестоко, дури и со помасовен напад од оној на 23-ти ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Новинар: Како се справувате по смртта на Кирк? Трамп: Многу добро, градиме сала за бал

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, беше уапсен во четврток навечер и јавно идентификуван во петок.
Тој беше уапсен во четврток навечер околу 22 часот по локално време по 33-часовна потера, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше прашан од новинарите пред Белата куќа како се чувствува.
„Господине претседателе, мое сочувство. Мое сочувство за загубата на вашиот пријател Чарли Кирк. Како се справувате во последниот ден и половина, господине?“, го праша новинарот Трамп.
„Мислам, многу добро. Патем, ги гледате ли сите тие камиони таму? Тие штотуку почнаа со изградба на новата балска сала за Белата куќа, што е нешто што се обидуваат да го добијат, знаете, околу 150 години. И ќе биде прекрасна. Апсолутно величествена градба. Само што почнавме, па ќе биде многу убаво завршена. И всушност ќе биде една од најдобрите во светот“, одговори Трамп.
“My condolences on the loss of your friend Charlie Kirk. How are you holding up?” – Reporter
“I think very good. And by the way, you see all the trucks? They just started construction of the new ballroom for the White House.” – Donald Trump
— Spencer Hakimian (@SpencerHakimian) September 12, 2025
Чарли Кирк, 31, беше контроверзна фигура во американската политика, која многумина ја сметаат за иднината на конзервативизмот поради неговата способност да ги мотивира младите луѓе. Тој беше клучен организатор во коалицијата МАГА на Доналд Трамп и помогна Трамп да се врати во Белата куќа за втор мандат.
Кирк беше силен застапник на правата за оружје, жестоко се спротивставуваше на абортусот, ги критикуваше правата на трансродовите лица и промовираше лажни тврдења за Ковид-19. Неговите ставови предизвикаа поларизација на универзитетите, каде што неговите провокативни говори привлекоа и бројни поддржувачи и гласни противници.
Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.