Македонија
Рикер: Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството

Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството и сите треба да го дадат својот придонес во изградбата на попросперитетна и постабилна земја, изјави амбасадорот Филип Рикер.
Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството и сите треба да го дадат својот придонес во изградбата на попросперитетна и постабилна земја, изјави амбасадорот Филип Рикер.Својата порака Рикер ја упати на прошталната забава што во негова чест беше организирана на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.„Сите вие, студенти, професори, членови на важни невладини организации – вие имате шанса да помогнете да се оформи Македонија на утрешнината. Дури и Македонија на денешницата. Каква визија имате вие за вашата земја за 20 години и натаму? Мислам дека имате одлична шанса да имате влијание за изградба за посилна, постабилна и попросперитетна Македонија. САД ја подава својата рака на Македонија за да помогне во тој напор. Би ве охрабрил сите вас да ги искористите овие шанси“, рече Рикер.Според најавите, Рикер ја напушта амбасадорската функција на 15 јули. По Македонија, тој заминува во Вашингтон, каде во Стејт департментот ќе ја врши функцијата заменик-помошник државен секретар.На негово место доаѓа Пол Волерс, кој своевремено беше заменик на поранешната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар