Свет
Во Киргистан војската може да пука без предупредување
Киргистанската привремена влада во сабота им дозволи на безбедносните сили да пукаат без предупредување на групите во јужниот дел од земјата кои имаат огнено оружје каде од петокот е воведен вонредна состојба
Според соопштението на властите во Бишкек употребата на огнено оружје од безбедносните сили без предупредување е неопходно да се воспостави редот меѓу етничките групи кои се вооружени. Исто така, наредено е од недела да почне и делумна мобилизација на резервниот состав на војската. Судирите меѓу Киргизите и малцинските Узбеки во вториот по големина град во земјата Ош на југот од Киргистан избувна вечерта на петок и досега се потврдени 80 загинати и околу илјада ранети. Вонредната состојба прогласена во петок во областа на Ош во сабота е проширена и на Џалал-Абад, втор по големина град во јужен Киргистан, каде се прошируваат судирите. Европската комисија објави дека ќе испрати хуманитарна помош, како што тоа претходно го стори и Русија чие раководство откажа да пружи и воена помош како што од претседателот Дмитриј Медведев бараше привремената претседателка Роза Отунбаева.„Заради меѓуетничките судири на југот од Киргистан, Европската комисија реши таму да испрати експерти кои ќе ги испитаат потребите од хуманитарна помош“, стои во соопштението на ЕК.Според извештаите на агенциите, најмалку шест илјади лица бегаат кон соседен Узбекистан. Повеќето од бегалците се Киргизи а има и Узбеци кои спасот од оружените судири. Отубнаева во разговорот со новинарите не ја исклучила можноста немирите да се инцирани од „заинтересирани сили“ да ја дестабилизираат земјата пред одржувањето на референдумот закажан за 27 јуни кога избирачите треба да се изјасната за новиот Устав на Киргистан. Парламентарните избори, пак, се закажани за 10 октомври, кога најверојатно ќе бидат и претседателските избори.Во мај протестите избувнаа кога демонстрантите бараа судска истрага за лидерот на локалната узбечка заедница, бизнисменот Кадирјан Батјиров, обвинувајќи го дека го организирал палењето на домовите на роднините на соборениеот претседател Бакиев, како и дека неговите следбеници стрелале врз демонстрантите со огнено оружје на 14-ти мај на централниот плоштад на Џалал-Абад, кога приврзаниците Бакиев влегоа во зградата на регионалната администрација.Во јужната провинција на Киргистан, на 13 и 14 мај, поддржувачи на поранешниот претседател Бакиев ја зазедоа административната згрда на управата на трите области, Ош, Џалал-Абад и Баткен. Тогаш во судирте меѓу приврзаниците и поширокот семејство на Бакиев и поддржувачите на привремената валда на Киргистан, беа ранети 59 лица од кои две починаа од здобиените повреди.Новата влада во Киргистан дојде на власт по немирите против претседателот Карманбек Бакијев од 7 април, во кои загинаа најлмалку 85 лица, а беа оневозможени летовите од воената база на САД, која беше поддршка на акцијата во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

