Економија
Пораст на цените на акциите на Волстрит
Во средата на Волстрит берзанските индекси пораснаа, по соопштението на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека ќе ги зголеми кредитните капацитети за да им помогне на презадолжените членки на еврозоната.
Во средата на Волстрит берзанските индекси пораснаа, по соопштението на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека ќе ги зголеми кредитните капацитети за да им помогне на презадолжените членки на еврозоната.Индексот Dow Jones зајакна за 0,78 отсто на 12.578 поени, индексот S&P 500 порасна за 1,11 отсто на 1.308 поени а индексот Nasdaq за 1,53 отсто на 2.769 поени.Позитивно на пазарот делуваше соопштението на ММФ дека има намера да собере до 500 милијарди долари за потребите на издавање нови кредити со кои би се ублажила сé потешката европска должничка криза. Притоа ММФ проценува дека светските потреби за финансирање во идните години би можеле да достигнат околу илјада милијарди долари. Ова позитивно дејствуваше врз финансискиот сектор, па индексот S&P на овој сектор, скокна за 1,7 отсто, задржувајќи се како најголем добитник меѓу секторите во оваа година. Минатата година, пак, овој сектор беше најголемиот губитник поради стравувањата од последиците од должничката криза врз банките. Позитивно на овој сектор во средата учествуваа и подобрите отколку што се очекуваше резултати на „Goldman Sachs“ во изминатиот квартал. Цената на акција на оваа банка се зголеми за речиси 7 отсто. По разочарувачките резултати на „JPMorgan“ и на „Citigroup“, а добриот финансиски извештај на „Goldman Sachs“, сликата на банкарскиот сектор не е баш најјасна. Затоа нестрпливо се очекуваат финансиските извештаи на „Morgan Stanley“ и „Bank of America“ кои треба да бидат објавени до крајот на седмицава. Во средата силно пораснаа и цените на кациите во градежниот сектор, по објавувањето на податокот за зголемувањето на расположението на претприемачите во овој сектор на највисокото ниво во последните четири ипол години. , Така, индексот Dow Jones на градежниот сектор се зголеми за 4,4 отсто. И на поголемите европски забележаа раст во средата. Индексот на лондонската берза FTSE зајакна за о,15 отсто на 5.702 поени, индексот на франкфуртската берза DAX за 0,34 отсто на 6.354 поени а индексот на берзата во Париз, CAC, пак, ослаби за 0,15 отсто на 3.264 индексни поени./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

