Спорт
Илјадници навивачи се простија од Роберт Енке

Околу 40.000 навивачи присуствуваа на Меморијалната служба за Роберт Енке, што се одржа во недела на стадионот на АВД Арената во Хановер
Околу 40.000 навивачи присуствуваа на Меморијалната служба за Роберт Енке, што се одржа во недела на стадионот на АВД Арената во Хановер
Голманот на фудбалскиот клуб Хановер 96, Роберт Енке, изврши самоубиство на 10 ноември.
Ковчегот со телото на Роберт Енке беше сместен на средината на теренот, покриен со бели рози, а навивачите облечени во црно станаа и со аплауз ја поздравија вдовицата на Роберт Енке, Тереза Енке која пристигна на стадионот со пријател. Покрај навивачите на Хановер, на меморијалната служба присуствуваа и Германски политичари. Погребот ќе биде приватен, а ќе се одржи поладнево во гробиштата во Хановер.
Роберт Енке ќе биде закопан во гробот до неговата двегодишна ќерка Лара која почина од срцева маана со 2006 година.
„Не ни требаат беспрекорни роботи. Ни требаат човечки суштества, со сите слабости и прекрасни квалитети. Можам само да претпоставам колкав притисок го притискал Роберт“ изјави Гувернерот на долна Саксонија, Кристијан Вулф.
Тренерот на националниот тим Јоакин Лев го опиша Роберт Енке како „исклучителен спортист и прекрасно човечко суштество“. На крајот на меморијалната служба ковчегот беше изнесен од стадионот од страна на соиграчите на Енке.
Роберт Енке се самоуби фрлајќи се под воз на 10 ноември под долгогодишна борба со депресија која беше предизвикана од смртта на неговата ќерка. Зад себе тој ја остави сопругата, Тереза и посвоената ќерка Лејла./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елшник ја напушта Црвена звезда, се сели во Турција

Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда.
Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“.
Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои играчи да ја напуштат „Маракана“.
Елшник дојде во Звезда минатото лето од Олимпија Љубљана за 1.500.000 евра, беше стандарден првотимец во тимот на тренерот Владан Милојевиќ и остави многу добар впечаток во црвено-белиот дрес.
Звезда уште порано ја најде замената на Елшник во ликот на Гамбиецот Махмуду Баѓо, кој дојде од словачката Дунајска Стреда за 3.500.000 евра, а тука се и младите играчи од клупската академија Васлије Костов и Јован Шљивиќ.
Од претходно беше познато дека напаѓачот Ндиаје за сума од 8 до 10.000.000 евра се сели во Обединетите Арапски Емирати, а десниот бек Сеол за 5.500.000 ќе замине во Шефилд Венздеј.
Спорт
Вардар во Струмица ќе му гостува на Шкупи

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра утре, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Шкупи ја избра Струмица како алтернативен терен за настап во четвртото коло, откако претходно ФФМ објави дека стадионот Чаир сѐ уште не ги задоволува стандардите за ВАР и за организација на натпревар од ПМФЛ.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот“, објавија од ФФМ.
Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.