Контакт

Надворешна политика

Датум за преговори во првата половина од следната година

Објавено пред

Европратеникот Бернд Поселт, по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов, изрази надеж дека Македонија би добила датум за преговори за време на унгарското претседателство со Европската Унија, кое ќе трае во првата половина од 2011-та

dobivaj vesti na viber

Според Бернд Поселт, проблем претставува што Белгија, која моментално е претседавач, ја води техничка влада. Смета дека за време на претседателството на Унгарија, која ја смета за голем пријател на Македонија, постои добра можност за старт на преговорите.„Проблемот е што сега го имаме белгиското претседателство, тие се отворени за Македонија, но немаат влада во ова време. Малку сме скептични во однос на ефикасноста на белгиското претседателство. Но, Парламентот функционира, Комисијата функционира. Се надевам на успех за време на унгарското претседателство.“, вели Поселт.Според него, главен проблем до донесувањето на одлуката за старт на преговорите е злоупотребата на правото на вето од страна на Грција.„Проблемот е во Советот, една од клучните институции во ЕУ. Значи не е ЕУ во прашање, туку Европскиот Совет. Во Советот се потребни сите гласови. Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме – злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо.  Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи. “, вели Поселт.Европратеникот и со совет за македонските политичари – да нема разногласија кога е во поглед европската агенда.„Би сакал многу јасно да порачам – мора да постои консензус. Не само што е право, туку е и обврска на опозицијата да се спротиставува. Тоа е во ред, јас сум парламентарец, обожавам да се спротивставувам. Тоа е нормално. Но, мислам дека опозицијата не треба да оди во Брисел и во Стразбур и да ја уценува сопствената влада.  Тоа не е добро за земјата. Сите сили треба да работат заедно во корист на својата земја.“, изјави Поселт.Тој најави лобирање во однос на одредувањето датум за преговори за Македонија и во следниот период.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет2 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија6 часа

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет9 часа

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија22 часа

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ1 ден

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет1 ден

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија1 ден

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија1 ден

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт2 дена

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија2 дена

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ2 дена

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија2 дена

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија2 дена

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија2 дена

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет2 дена

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...