Македонија
Пешевски: Решенија за 100 негувателки од градинките
До крајот на годината на 100 негувателки од вкупно 160 ќе им се реши работниот статус, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски
До крајот на годината на 100 негувателки од вкупно 160 ќе им се реши работниот статус, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски
“Одлучивме до крајот на годината да издадеме 100 согласности за вработување на негувателките и воспитувачките во градинките во Македонија, со цел решавање на нивниот работен статус, односно применување на траен работен однос на неопределено време“, објасни Пешевски на денешната прес конференција.
Според него повеќе од половина од предвидените решенија ќе бидат доделени пред почетокот на летните одмори во јуни, а другата половина по летниот одмор односно во септември. Предност ќе имаат воспитувачките и негувателките кои работат подолго време.
“Имаше период од неколку недели повеќе, отколку што планиравме, за да дојдеме до решението, но сепак го чекавме ребалансот на буџетот за да видиме какви ќе бидат состојбите во тој дел“, рече Пешевски.
Вицепремиерот Пешевски најави дека во текот на наредната година ќе биде решен статусот и на останатите негувателки./крај/ир
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.
– Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда.
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.
Македонија
Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка
Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.
Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.
Претходно неговата партја Десна објави на „Фејсбук“ дека тој слетал во Скопје.
И Министерството за внатрешни работи потврди дека Палевски стигна во затворот во Шутка.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.
Палевски е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија
Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија. Прашуваме:
1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?
2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?
3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?
4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените
Ваквото незаконие за среќа завршува. ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност“, велат од партијата.