Спорт
Арсенал ја одби понудата на Барса за Фабрегас

Откако каталонскиот гигант во среда наутро објави дека доставила официјална поннуда за Цес Фабрегас, „тобџиите“ од Лондон веднаш оговорија дека не прифаќаат да го продадат својот капитен и еден од најдобрите играчи на шпанската репрезентација
„Фабрегас е еден од нашите најдобри играчи и тој е во сите наши планови за иднината“, изјавија од Арсенал додавајќи дека довогрот на Сес Фабрегас го врзува со лондонскиот клуб до 2015 г., пренесе Reuters.на крајот од соопштението што Арсенал го испратил до медиумите, раководството на клуботл изразило надеж дека Барселона докрај ќе ја почитува нивната позиција и дека веќе нема да прави притисок врз Фабрегас. Барса во средата објави дека испратила официјална понуда до арсенал за Фабрегас.„Испративме цврста писмена понуда до Арсенал за Фабрегас.“, изјави главниот директор на каталонците Жоан Оливер се официјалната итнернет страница на клубот. Додека потпретседателот на Барселона, Рафаел Јусте додаде дека се надева дека ќе успеат да го натераат Арсенал на договор. Фабрегас се наоѓа со шпанската репрезентација на подготвоки во Австрија и не сака да ги коментира последните случувања, пренесуваат шпанските медиуми.Претходно пред две седмици беше објавено дека Фабрегас се сретнал со менаџерот Арсен Венгер, соопштувајќи му дека сака уште ова лето да се врати во редовите на каталонците. Барселона за 23-годишниот капитен на Арсенал го нуди шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ кој е пет години повозрасен и околу 30 милиони евра. Инаку и двајцата имаат четиригодишни договори со клубовите. Фабрегас инаку своите првв фудбалски чекори ги оима направено во Барселона, но на 16-годишна возраст замина за Арсенал за кого има одиграно 187 меча и постигнато 32 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Исак за трансферот во Ливерпул: Не знате што сè се случуваше

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало.
За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд.
Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше претставен како нов член на „Црвените“ на последниот ден од преодниот рок.
По шокантниот пораз на Шведска од Косово, 25-годишникот за прв пат проговори за околностите на трансферот.
Исак одби да игра за Њукасл во предсезоната и на почетокот на новата сезона.
Напаѓачот влезе од клупата во второто полувреме од поразот на Шведска од Косово со 2-0 во квалификациите за Светското првенство во Приштина. Исак го замени играчот на Њукасл, Ентони Еланга, кон крајот на натпреварот кога Шведска губеше со два гола.
„Не се позанти сите околности, но тоа е тема за друг ден“, изјави Исак за шведските медиуми и додаде:
„Не можам да контролирам сè што е кажано или напишано. Но, среќен сум што станав играч на Ливерпул.“
За време на поразот во Приштина, Исак упати три удари, два кон голот и доби жолт картон.
Швајцарија е прва во групата, Косово е на второто, а Шведска на третата позиција.
Foto/ EPA
Спорт
Реал Мадрид повторно ќе го бојкотира доделувањето на „Златната топка“

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и оваа година ќе ја бојкотира церемонијата на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златна топка.
Една година подцна, Флорентино Перез се уште е лут. „Марка“, медиуми блиско поврзан со Реал, тврди дека никој од клубот нема да писуствува на доделувањето на Златната топка на 22 септември.
Првиот човек на Реал, се однесува како мало дете, лут е што минатата година престижната награда, која се доделува со гласање на капитените, тренерите и новинарите, му припадна на Родри и покрај тоа што се тврдеше дека главен фаворит е Винисиус Жуниор.
Реал и оваа година во најтесниот круг има свои фудбалери: Килијан Мбапе, Џуд Белингем и Винисисус. Но оваа година е јасно дека ниту еден од нив нема да ја добие наградата.
Фаворити се Усман Дембеле, Ламин Јамал и според некои шпекулации Витиња.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гатузо: Хаос, најлуд натпревар во кој некогаш сум учествувал

Џенаро Гатузо, селекторот на Италија, се осврна на натпреварот по лудиот триумф на неговите избраници.
Аѕурите, во луд натпревар, во Дебрецен, славеа со 5:4 против Израел, а победија во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали.
Tonali with Cambiaso assist in the extra minutes scored to take Italy to victory against Israel
Israel 4-5 Italy pic.twitter.com/a0pESXIAe4
— Arsenal Rep (@Arsenal_rep1) September 8, 2025
Гатузо беше видливо исцрпен емоционално по натпреварот и важната победа во борбата за пласман на Светското првенство.
„Хаос. Ова е најлудиот натпревар во кој сум бил како тренер, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме“, рече селекторот на Италија и додаде:
„Бевме луди затоа што постојано напаѓавме, а токму тоа го чекаше Израел – тие нè казнуваа секој пат на контранапад. Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“.
Foto/ EPA