Свет
Проблеми со електриката по удар на гром

„Ербасот“ на Ер Франс имал проблем со електриката, откако веројатно бил погоден од гром
„Ербасот“ на Ер Франс имал проблем со електриката, откако веројатно бил погоден од гром.
Авионот од Рио де Женеиро пренесувал 216 патници и 12 членови на екипажот.
Воздухопловот, кој сообраќал на линијата Рио – Париз, исчезнал над Атлантикот во понеделникот наутро.
Меѓу патниците, како што соопшти компанијата, имал осум деца, вклучувајќи едно бебе, 126 мажи и 82 жени.
Дополнително меѓу патниците имало петмина Италијанци.
Нешто после 04,00 часот изутрината, од авионот бил испратен сигнал за проблем со електриката.
Според авиокомпанијата, најверојатно станува збор за удар на гром.
Ер Франс соопшти дека нема информации за летот после 04,20 часот.
Бразил веќе започна акција за пронаоѓање на авионот, кој исчезнал 300 километри североисточно од брегот./крај/ил/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин разговараше со Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти прес-службата на Кремљ. Политичарите, меѓу другото, разговараа за руско-американскиот самит што се одржа во Алјаска на 15 август, соопшти Кремљ.
Во разговорот со Ердоган, Путин го коментираше состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, а во овој контекст, претседателите на Русија и Турција разговараа за прашањето за решавање на украинскиот конфликт. Рускиот шеф на државата му се заблагодари на својот соговорник за посредништвото во преговорите меѓу Москва и Киев во Истанбул, соопшти Кремљ.
Покрај тоа, политичарите разговараа за актуелни прашања од билатералната агенда, на пример, продолжувањето на соработката во областа на трговијата и инвестициите.
„Беше договорено да се продолжат личните контакти“, се вели на официјалната веб-страница на Кремљ.
Турција ги поддржува напорите за воспоставување траен мир во Украина со учество на сите страни, му рекол Ердоган на Путин за време на денешниот телефонски разговор, соопшти турското претседателство.
Ердоган му рекол и на Путин дека внимателно ги следи случувањата поврзани со процесот и дека Турција се залага за праведен мир уште од почетокот на војната, соопшти турското претседателство.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Беснеел на аеродром во Италија: кршел со чекан, запалил оган…

Вистинска драма се одвиваше утрово на аеродромот Малпенса во Милано кога маж вооружен со чекан почна да ги уништува мониторите во зоната за пријавување на патници на Терминал 1. Освен што кршеше опрема, тој се обиде да запали и канти за отпад, предизвикувајќи паника кај патниците, пишува Малпенса24.
Мажот, за кој се сомнева дека бил под дејство на алкохол или дрога, изгледаше целосно растроен. Пред првично шокираните патници, тој почна да ги крши мониторите за влегување со чекан, а потоа се обиде да запали оган.
Благодарение на брзата интервенција на персоналот на аеродромот, на кои им помогнаа и некои патници, напаѓачот беше успешно совладан. Човекот дури се обиде да ги нападне со чекан, вработените кои пристигнаа на местото на настанот, но никој не беше повреден.
Пожарникарите веднаш го изгаснаа пожарот и го обезбедија засегнатото подрачје, додека полицијата го приведе напаѓачот. Мотивот за овој насилен испад сè уште е непознат. И покрај инцидентот, операциите за качување и летовите не беа одложени.
фото: принтскрин
Свет
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на самото бојно поле против Русија, рече началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објави „Гардијан“.
Радакин, началникот на Генералштабот, денес учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што 30 земји се подготвени да ги преземат за безбедноста на Украина по војната.
Според британските претставници, Лондон е подготвен да испрати војници за логистичка поддршка и обука, но не и да распореди војници по руската граница.
Првично, се зборуваше за можно распоредување до 30.000 војници, но оваа идеја беше отфрлена поради противењето на некои европски земји.
„Ништо не се случува во Вашингтон без одобрение од претседателот, а поддршката на Трамп за безбедносните гаранции во понеделник го покрена целиот процес“, рече британски функционер.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД нема да испратат војници во Украина. „Вие имате моја гаранција за тоа. И јас сум претседателот“, изјави тој за „Фокс њуз“.
Неговиот специјален пратеник за Украина, Стив Виткоф, претходно посочи дека американските гаранции би можеле да бидат како Член 5 на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили минатата недела изјави дека Лондон е подготвен да ѝ помогне на Украина „да го обезбеди своето небо и море и да ги зајакне украинските сили“.
Британските функционери велат дека подготовките се сериозни, а не само политички притисок врз Русија. „Не собирате 30 началници на штабови во Пентагон ако не сте сериозни“, рече еден од нив.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува безбедносните гаранции да бидат финализирани во следната „недела до десет дена“.
Британските претставници велат дека британските сили би можеле да бидат распоредени во Украина за логистика и заштита на воздухот и пристаништата, но не во операции што би ги довеле во директен конфликт со руските сили.
Фото: ЕПА