Компании
Бугарско-руски конзорциум еден од најсериозните кандидати за купување на HAAB во југоисточна Европа
Фондот за ризичен капитал „Advent International“ и бугарско-рускиот конзорциум предводен од претприемачот Денис Бареков, се меѓу најсериозните кандидати за купување на мрежата филијали на австриската банка „Hypo Alpe Adria“ (HAAB) во југоисточна Европа.
Како што претходно минатата седмица пишуваше Reuters, станува збор за мрежата филијали на „Hypo Alpe Adria“ (HAAB) којашто ја сочинуваат шест банки и лизинг компании во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Кон крајот на минатата 2013 година оваа мрежа располагаше со сопственост од 8,6 милијарди евра, меѓутоа нејзината книговодствена вредност изнесувала само 500 милиони евра по низата отписи.
Два добро информирани извора за Reuters рекле дека за делови, или за целата балканска мрежа на филијалите на НААВ, биле заинтересирани седум кандидати. Меѓутоа, двата најсериозни кандидата се инвестицискиот фонд „Advent International“ во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како и групата бугарски инвеститори предводени од бизнисменот Денис Бареков, инаку сопственик на воздухопловна компанија и недвижнини, со поддршка на руската банка ВТБ.
Познатиот бугарски бизнисмен Цветан Василев, најголем акционер во бугарската банка Деловната комерцијална банка (Корпбанк) (Corporate Commercial Bank – Corpbank) за којашто на почетокот од јули Бугарската централна банка објави дека ќе го дозволи нејзиниот колапс, веќе не е во наведениот конзорциум, дознава агенцијата од три независни извора.
Исто така, и „Millhouse Capital“, инвестициска групација во сопственост на германскиот бизнисмен Ралф Додт со седиште во Лондон, соопшти дека се откажала од плановите за приклучување кон бугарскиот конзорциум поради „непремостливите тешкотии со Бареков“.
Најмалку еден од останатите понудувачи, „Expobank“, која е во сопственост на рускиот магнат Игор Ким, искажала интерес за купување на целата балканска мрежа од филијали на НААВ, потврдиле неколку извори запознаени со случувањата на финансиските пазар во регионот.
Според овие избори, одлуката за најдобрата понуда би можела да биде донесена веќе кон крајот на август.
Портпаролот на „Hypo Alpe Adria“ одбил да дава изјави во врска со понудувачите, но рекол дека преговорите на банката со потенцијалните инвеститори е во напредна фаза. Ниту портпаролот на австриското министерство за финансии не рекол ништо повеќе, освен дела во моментов се водат интензивни преговори за продажбата на ограноците во југоисточна Европа.
И од ЕБРД и од ВТБ, исто така, одбиле да ги коментираат овие информации, а Reuters забележува и дека недостапни за изјави биле и во фондот „Advent International“, како и бизнисмените Бареков и Василев./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.

