Економија
Вицегувернерот Богов не дојде на Комисијата за финансирање и буџет
Комисија за финансирање и буџет се одложи бидејќи новиот кандидат за гувернер на Народна банка (НБРМ), Димитар Богов не присуствуваше.
Комисија за финансирање и буџет се одложи бидејќи новиот кандидат за гувернер на Народна банка (НБРМ), Димитар Богов не присуствуваше.
На Комисијата тој требаше да ги презентира активностите кои ќе ги превземе во наредниот седумгодишниот период како гувернер на НБ.
За претседателот на Комисијата, Јован Манасијевски, ова е недопустливо бидејќи досегашната практика со гувернерот Петар Гошев била да се претставуваат активностите кои ги превзема Народната банка.
„Сметаме дека таа практика со новиот гувернер ќе се продолжи, за жал ние се враќаме неколку чекори наназад. Недозволиво е да бираме шеф на монетарната власт, а тој да не ја образложи својата програма пред надлежната комисија. Излегува дека треба да бираме гувернер на слепо. Во една месна заедница кога се организираат избори кандидатот ќе се претстави и ќе каже што мисли да направи, а не шефот на монетарната власт“, изјави Манасијевски.
Од владејачката партија, пак велат дека Комисијата за финансирање и буџет била закажана без да бидат консултирани и дека на овој начин Манасијевски само сака лично да се промовира.
„Јасна е процедурата и законите на кој начин се избира гувернер на НБРМ иако таа точка се уште не е усвоена на дневниот ред на пленарна седница, така што нема никаква причина да разгледуваме некаков извештај на кандидатот за гувернер“, изјави Крсто Муковски, член на Комисијата за финансирање и буџет од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека Манасијевски ја закажал Комисијата само поради лична промоција и промоција на неговата партија и дека досега не било пракса гувернерот да ја преставува програмата.
Поради неприсуството на Богов на денешната закажана Комисија, Манасијевски рече дека тој и неговата пратеничка група нема да учествуваат во процесот на гласање за гувернер бидејќи на овој начин не се почитува Парламентот. Освен за ЛДП и за ДУИ Богов е неприфатлив предлог за наследник на Гошев.
Минатата недела претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го предложи Димитар Богов за нов гувернер на НБРМ. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми.
Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.
„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија.
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа.
Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.
Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот” напиша Николоски.
Економија
Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа .
Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување.
„Најзасегнати од ова се граѓаните кај кои минималната плата е единствен извор на приход. Со овој закон предлагаме утврдената минимална плата од 36.960 денари со цел да се зачува реалниот животен стандард и да се обезбеди достоинствен надомест за трудот на сите работници“, додаде Спасовски.
Тој посчи дека дека средствата за спроведување на законот, предвидени во износ од 7,5 милијарди денари, ќе се обезбедат преку пренамена во рамките на постојниот буџет, без зголемување на дефицитот и без ново задолжување.
„Станува збор за одговорна и внимателно планирана пренамена која обезбедува високи примања на работниците, а при тоа ја зачувува и финансиската стабилност на државата. Минималната плата е показател на тоа колку едно општество го вреднува трудот на работниците. Таа е прашање на социјална правда, економска стабилност и човечко достоинство. Ако трошоците за живот растат, платите мора да го следат тој раст“, рече Спасовски.
Тој повика на единство во носењето на законот: Барам од сите колеги, без разлика на политичката припадност, да застанеме заедно во носењето на ова законско решение. Со тоа испраќаме порака дека го слушаме гласот на работниците и синдикатите и дека обезбедуваме егзистенција за граѓаните.
Економија
(Видео) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.
Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.
„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.
Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.
„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.
Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:
„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

