Контакт

Македонија

Милошоски на конференции во Германија

Објавено пред

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски од 10. до 13. декември ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на две конференции.Според најавите, Милошоски ќе учествува на конференцијата во Потсдам „Охридски

dobivaj vesti na viber

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски од 10. до 13. декември ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на две конференции.Според најавите, Милошоски ќе учествува на конференцијата во Потсдам „Охридски разговори – IX дел“, во организација на Министерството за внатрешни работи на германската покраина Бранденбург, како и на конференцијата „Нов трансатлантски дијалог: Германски и американски лидери во дијалог со лидерите на Западен Балкан“, во организација на Институтот „Аспен“ од Берлин.„Охридските разговори – IX дел“, што се одржуваат од 9. до 12. декември, претставуваат продолжение на серијата средби и разговори, отпочнати во 2005 година меѓу високи претставници на Република Македонија и покраината Бранденбург.Министерот Милошоски во оваа прилика ќе се осврне на актуелните состојби во Македонија и во регионот, соопшти Министерството за надворешни работи.Шефот на македонската дипломатија се очекува да присуствува и на конференцијата „Нов трансатлантски дијалог: Германски и американски лидери во дијалог со лидерите на Западен Балкан“ на која е предвидено да бидат разменети мислења поврзани со трансатлантската соработка и предизвиците на регионалната и глобалната безбедност.Милошоски ќе има свое излагање на тема „Проширувањето на НАТО со земјите од ЈИЕ во контекст на регионалните тензии“./крај/со/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Владата денес ќе го разгледа законот за правична застапеност, клучно е да се вработува според знаење и квалитет, вели Минчев

Објавено пред

Законот за правична застапеност денес ќе биде разгледан на владина седница и проследен до Венецијанската комисија, по што ќе влезе во собраниска процедура, соопшти министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот рече дека станува збор за закон којшто патем е уставна категорија произлезена од Охридскиот рамковен договор и подготвен од група на експерти во Владата. Детателите во содржината ќе бидат познати по  усвојувањето на владина седница, a Mинчев вели клучно во содржината е вработувањата да бидат врз база на компетентност, знаење, квалитет и  професионалност, бидејќи тоа е она што и’ е потребно на јавната администрација.

Министерот потсети дека балансерот е укинат од Уставниот суд,  и поради тоа, како што рече, мотовот бил новиот закон да го подготви група на уставни експерти, за да не се соочиме повторно со евентуално укинување на некои членови или одредби.  Соопшти и дека делот на правична застапеност ќе биде донесен со подзаконски акти, но по претходни забелешки од Венецијанската комисија, што значи во следната фаза.

Министерот денес присуствуваше на настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на јавните службеници и јавната служба, што се случува за првпат во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Верувам во вашата способност, но очекувам резултати и посветеност, порача Мицкоски до административците

Објавено пред

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија. Честит празник за вашиот труд, за вашата посветеност, за вашата отпорност, понекогаш и во тешки и обесхрабрувачки услови, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот настан по повод Меѓународниот ден на јавната администрација.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека денешниот ден не само формалност, туку повик за реформи, и конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација.

„Но денешниот ден не е само формалност. Тој е и повик. Повик за пресврт. Повик за реформа. Повик за конечно надминување на болестите кои предолго ја разјадува јавната администрација и за кои мораме да бидеме свесни: партизација, непотизам, неефикасност, клиентелизам“, рече Мицкоски и додаде:

„Дојде време за промена. Вистинска промена. Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа. За време во кое знаењето и трудот ќе бидат поважни од партиската книшка. За време во кое институцијата ќе служи на граѓанинот, а не граѓанинот на институцијата. За време во кое професионалноста ќе биде стандард, а не исклучок. За време во кое службеникот ќе биде горд што е дел од јавната администрација, а граѓанинот ќе знае дека ќе биде услужен со почит, ефикасно и дигитално.“

Премиерот Мицкоски нагласи дека изминатата една година започна акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која претставува основа за транспарентност и многу други проекти.

„Во овие 12 месеци, не ветувавме – туку работевме. Ја започнавме акцијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, како основа за транспарентен и одржлив процес на консултации при изработка на законите. Го формиравме новото срце на реформата – Академијата за стручно усовршување на јавните службеници, со мандат да овозможи стандардизирана и континуирана едукација на национално и локално ниво. Реализирани се над 100 обуки, а преку новата е-платформа LMS, над 100.000 службеници имаат пристап до курсеви, тестирања и евалуации. Се дигитализираше и надгради Системот за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, со што за прв пат институциите имаат реална, точна и целосна слика за кадарот, учинокот и потребите. Се усвои стратегијата за реформа на јавната администрација, усогласена со методологијата на ЕУ и стандардите на СИГМА – стратегија што не стои во фиока, туку се применува секојдневно. Правевме корекција на балансерот – од политичка алатка, го трансформиравме во инструмент на праведност. Праведност наместо политичка математика. Се унапредија порталите ЕНЕР и OGP – овозможувајќи на граѓаните директно учество во креирање и следење на политиките. Родовата еднаквост и социјалната инклузија се интегрирани како норма во сите политики – не како привремена агенда, туку како вредност на оваа Влада“, дециден е Мицкоски.

Премиерот порача дека јавната администрација ќе ја направат место за шанса а не за порази, посочувајќи дека ќе се врати достоинството на јавниот службеник, но и ќе се воведат повисоки критериуми за отчетност.

„Ќе ја направиме јавната администрација место на шанса, не на пораз. Ќе го вратиме достоинството на јавниот службеник – но и ќе воведеме повисоки критериуми на отчетност. Ги градиме темелите на промените. Темели на знаење, работа и вредности. За твоето време кое доаѓа. Време кога ќе бидеш вреднуван по тоа што знаеш, а не кого познаваш. Време кога администрацијата ќе значи сервис – не ќорсокак. Време кога државата ќе работи за народот – не обратно“, посочи премиерот.

Мицкоски им порача на јавните и државни службеници дека верува во нив и нивната енергија, посветеност и способност, но дека очекува резултати.

„Јас верувам во вас. Верувам во вашата енергија, вашата посветеност и вашата способност. Ние ве поддржуваме – но и очекуваме резултати. Очекуваме партнерство. Очекуваме искрен труд. Денес, ја почитуваме вашата улога, но од утре – заедно продолжуваме по нов пат. Пат на модерна, дигитална, инклузивна и ефикасна администрација. Честит ден на јавните службеници! Честит нов почеток за македонска јавна администрација“, вели премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент, велат од СДСМ

Објавено пред

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската народна партија (ЕПП), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, е директен историски дипломатски пораз за Христијан Мицкоски и неговата партија.

dobivaj vesti na viber

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен македонски јазик“ не само што доаѓа од редовите на ЕПП, туку е поднесен токму од нејзиниот координатор Михаил Галер – член на германската ЦДУ, партија која ВМРО-ДПМНЕ со години ја нарекува свој стратешки и идеолошк партнер, велат од СДСМ.

Овој амандман, како што појаснуваат, претставува сериозен удар врз позициите на Република Северна Македонија, но и суштинско понижување за ВМРО-ДПМНЕ, која се претставува како „бранител“ на македонскиот јазик.

„Наместо поддршка, од своите европски пријатели добија дипломатска шлаканица што го доведува во прашање влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во својата матична групација.

Дополнително загрижува што ЕПП најави дека ќе го поднесе истиот амандман и на пленарната седница – што значи дека ова не е изолиран инцидент, туку координиран став во кој ВМРО-ДПМНЕ или учествува или молчи.

Во исто време, извештајот на Европскиот парламент содржи клучни пораки што ја разоткриваат вистинската слика за неработењето на новата власт во однос на ЕУ интеграциите, односно има јасен повик за итен напредок во уставните измени и реформите поврзани со ЕУ и загриженост за назадување во борбата против корупцијата и за судската независност“.

СДСМ, додаваат од партијата, уште еднаш апелира до власта да прекине со политички манипулации дома и да престане со надворешна политика водена од дневно-партиски калкулации.

Според нив, дипломатијата не е театар за домашна употреба, а цената на ваквите авантури ја плаќа целата држава.

„Ова не е само пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ова е нов аларм дека европскиот пат е сериозно загрозен со оваа власт“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Владата денес ќе го разгледа законот за правична застапеност, клучно е да се вработува според знаење и квалитет, вели Минчев

Законот за правична застапеност денес ќе биде разгледан на владина седница и проследен до Венецијанската комисија, по што ќе влезе во...

Македонија51 минута

Со широко мнозинство усвоен извештајот за Македонија, Вајц рече дека е горд, а државата припаѓа во ЕУ

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со широко политичко мнозинство го усвои извештајот за Македонија, поднесен од европратеникот и...

Македонија58 минути

Осамна 100 ден по трагедијата во Кочани, веќе не молчиме, не простуваме: пораки на граѓаните низ центарот на Скопје

Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот...

Свет2 часа

Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на...

Македонија2 часа

За една година двојно зголемен бројот на пријавени убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата,...

Македонија4 часа

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според...

Свет4 часа

Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Примирјето сега...

Македонија14 часа

Да го урнеме системот на бандитизам од политички и бизнис структури кои функционираат во широки коалиции, порача Мицкоски

Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365...

Македонија15 часа

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион15 часа

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет17 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет17 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија18 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија22 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија22 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија1 ден

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет1 ден

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија1 ден

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија1 ден

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ2 дена

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...