Економија
МБИ 10 со пораст од 1,40 отсто
Водечкиот индекс на македонска берза МБИ10 по континуиран пад од седум дена,денеска забележа пораст од 1,40%, слично како и кај МБИД кој по непрекинат пад од пет дена, забележа пораст од 0,67%.
Водечкиот индекс на македонска берза МБИ10 по континуиран пад од седум дена,денеска забележа пораст од 1,40%, слично како и кај МБИД кој по непрекинат пад од пет дена, забележа пораст од 0,67%.
ОМБ беше единствен индекс со намалување на дневна основа кое изнесуваше 0,15%, позиционирајќи се на ниво од 110,76 индексни поени.
Прометот беше во рамките на стандардот кој е карактеристичен за берзата во последните неколку месеци и изнесуваше 11.497.508,85 денари. Прометот со државните обврзници беше со мало учество во вкупното тргување и изнесуваше само 998.546,85 денари. Официјалниот пазар играше доминантна улога при тргувањето и оствари промет од 8.713.814,85 денари при реализирани 100 трансакции. Прометот на редовниот пазар изнесуваше 2.783.694,00 денари, а беа реализирани 41 трансакции. Од официјалниот пазар најтргувана беше Алкалоид Скопје со промет од 2.830.316,00 денари кој претставуваше 24,6% од вкупниот промет. Просечната цена од 4.602,14 денари донесе само незначителен пораст од 0,06%. Истргувани беа 615 акции кои се реализираа преку 26 трансакции. Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.534.500,00 беше втора според ликвидност од официјалниот пазар. Просечната цена изнесуваше 3.100,00 денари, што значеше умерен пораст од 0,56%. Овој пораст е постигнат после три дена непрекинато опаѓање. Истргувани беа 495 акции кои се реализираа преку 15 трансакции. Трета најтргувана од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 725.190,00 денари. Оваа акција постигна повисоко дневно зголемување од 1,18% при просечна цена од 764,16 денари. На редовниот паза најмногу се тргуваше со Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 822.620,00 денари. При просечна цена од 506,54 денари, порастот изнесуваше 1,08%. Минималната цена изнесуваше 505,00 денари, а максималната 510 денари. Истргувани беа вкупно 1.624 акции кои се реализираа преку 10 трансакции. Следуваше акцијата на Алкалоид Берово која оствари промет од 680.000,00 денари. Просечната цена изнесуваше 8.000,00 по акција, што не резултираше со промена. Истргувани беа 85 акции кои се реализираа преку една трансакција. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 17.03.2010 година е извршен следниот нетрговски транфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): РЖ Институт Скопје – 3 обични акции, Технометал Вардар Скопје – 4 обични акции, РЖ Интер-Трансшпед Скопје – 8 обични акции, Макстил Скопје – 163 обични акции, РЖ Услуги Скопје – 61 обични акции, РЖ Економика Скопје – 7 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје 2. Комерцијална Банка Скопје 3. Македонски Телеком Скопје4. Гранит Скопје5. Алкалоид Берово Хартии од вредност со најголем раст1. Институт за заварув. Југ Скопје 20,00%2. Факом Скопје 20,00%3. ЕМО Охрид 10,00%4. Бетон Скопје 8,32%5. Макстил Скопје 4,60%Хартии од вредност со најголем пад1. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 3,00%2. РЖ Услуги Скопје 1,99%3. Р:Македонија – Денационализација 08 0,53%//
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

