Македонија
ЕП утре за визната либерализација

Европскиот парламент утре на пленарна седница треба да го разгледа извештајот за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора
Извештајот за визната либерализација го подготви словенечката пратеничка во Европскиот парламент Тања Фајон.
Во нејзиниот извештај е додаден неодамнешниот предлог на Словенија, укинувањето на визите за патување на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора во земјите од шенгенската зона, да стапи во сила на 19 декември годинава , а не на први јануари 2010 како што е планирано.
Одлуката за укинувањето на визите се очекува да биде донесена на Советот на министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ, што е закажан за 30 ноември и 1 декември.
„Не би требало да застанеме на ова. Балканските земји сега стојат во ред за членство во ЕУ. Можеме слободно да кажеме дека идејата за европски интеграции победи во овој дел на Европа. Мислам дека ова исто така е голем триумф на идејата за Европска унија“, изјави претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек во интервју за денешното издание на Вечерње новости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)