Скопје
Паркот во Капиштец комплетно се уредува
Во тек е комплетно уредување на паркот во Капиштец, кој ќе се простира на 20. 000 метри квадратни, во средишен простор помеѓу 12 згради. Oд нив, 12.450 метри квадратни ќе бидат зелена површина.
Се градат две детски игралишта и едно кошаркарско игралиште со соодветна подлога за таков тип на спорт, две групации на подни прскалки, се поставува нова урбана опрема ( клупи, корпи, паркиралишта за велосипеди) со уникатен изглед, по кој паркот ќе биде препознатлив. На детските игралишта ќе се стави подлога од гумени плочи со дебелина од 5 сантиметри.
Металната ограда е заменета со уникатна ограда од ламелирани дрвени греди, а ќе има два типа осветлување: амбиентално и високо осветлување со канделабри,
„Паркот повеќе години беше запуштен. Дрвјата беа високо израснати, така што во борба за светлина голем број од дрвјата се искривени, делумно деградирани или потполно исушени. За таа цел беше потребна санитарна сеча на исушените високи растенија што изгледаа запуштено и претставуваат опасност од паѓање при појак ветер. Отстранети се стари и деградирани јаболкови дрвја, оревите кои ја поклопуваа декоративната вегетација, извадени се корења од сите исечени дрвја кои беа пречка за слободно трчање на децата“, соопштуваат од локалната власт.
Општина Центар ќе засади 60 различни видови садници, 18 нови зимзелени дрвја, 6шест цветни листопадни, шест високи грмушки, 582 цветни листопадни и зимзелени грмушки кои цветаат во различни делови од годината, 104 листопадни грмушки, 430 зимзелени грмушки, 184 покривачи, 4.010 перени, 20 парчиња високи украсни треви, 870 ниски украсни треви и 1.450 парчиња локовици и тоа лалиња, нарциси и мускари
Извршено е кроење на сите гранки до висина на стеблото од четири метри.
Со ваквиот концепт на уредување, паркот добива свеж и уреден лик, со задржување на речиси сето постоечко зеленило, освен комплено исушените или 80 насто деградирани дрвја.
Општина Центар го исчисти целиот шут околу зградите, сменет е горниот слој на земјата со нов хумусен дел.
Поставен е автоматски систем за полевање, ископани се два бунара од кои прскалките ќе црпат техничка вода за наводнување.
„Ова ќе биде парк за сите вкусови и за цело семејство“, велат од Општина Центар. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

