Свет
СЗО: Вакцини против Х1Н1 за само половина планета
Светските фармацевтски компании годишно можат да произведат вакцини против новиот грип на Х1Н1 за само половина од светското население
<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; text-align:justify; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; mso-bidi-font-size:12.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”; mso-bidi-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Светските фармацевтски компании годишно можат да произведат вакцини против новиот грип на Х1Н1 за само половина од светското население затоа што за поголемо производство им недостасуваат капацитети. Ова денеска го соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Фармацевтите ширум светот можат да произведат околу три милијарди дози од вакцината годишно, а една доза би требало да биде доволна за создавање имунитет од вирусот кај здрави возрасни лица или повозрасни деца, соопшти СЗО. Организацијата посочи дека компаниите имаат „ограничен и неадекватен“ капацитет за да го прошират производството со цел да се обезбедат вакцини за сите 6,8 милијарди жители на планетата./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.
Свет
Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања
Седум Палестинци загинаа, а најмалку 32 се ранети во израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа, јавува дописникот на ВАФА.
Тој рече дека израелските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, при што загинале четворица Палестинци, а 15 други се ранети.
Тој додаде дека израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз населбата Заитун во Газа, при што загинале три лица, а десет се ранети.
Борбени авиони го нападнаа и градот Џабалија и бегалскиот камп во северниот појас, при што беа повредени седум лица, меѓу кои три деца.
Во меѓувреме, израелската артилерија ги гранатираше бегалските кампови Ал-Буреј и Ал-Магази во централниот појас, населбите Тал ал-Хава, Шеик Ијлин и аз-Зајтун во градот Газа, како и кулата Шеик Зајед во Беит Лахиа.
Во јужната зона, артилерија нападна цивилни куќи во источниот дел на градот Кан Јунес.
Свет
ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.
Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив бил расфрлан со бомби и други видови муниција кои не експлодирале, пишува ТАСС.
OCHA изјави дека околу два милиони луѓе, или половина од населението на Газа, нашле засолниште во Рафах, кои имаат потешкотии да пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти.