Македонија
Намален бројот на работниците во индустријата за 9.6%
Бројот на работниците во индустријата во септември 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 9.6%, сооопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во индустријата во септември 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, намален за 9.6% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2009 година, во однос на истиот месец од претходната година, изнесува 90.4.Бројот на работниците во индустријата во Република Македонија во септември 2009 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 14.3%.Заводот за статистика наведува дека бројот на работниците во секторот Вадење на руди и камен во септември 2009 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 25.7%, во Преработувачката индустрија е намален за 13.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 10.7%.Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2009 година, во однос на периодот јануари – септември 2008 година, изнесува 93.7./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Скопје
Без вода дел од Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на улицата Партениј Зографски бр 23, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Скопје
Без струја денеска дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
– денеска од 10:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на новата зграда БИСИ на улица Козле во општина Карпош;
– во вторник од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Димитар Илиевски Мурато и улицата Тодор Чангов (подулици бр: 49. 51 и 53) во општина Аеродром.