Македонија
Визите паѓаат во петок на полноќ

Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.По тој повод, вечерва во Скопје е прогласена „Бела ноќ“, што значи дека локалите и културните објекти ќе работат до рано
Визниот режим за граѓаните на Македонија за Шенгенската зона паѓа од ноќеска на полноќ, што ќе биде одбележано со повеќе пригодни манифестации.По тој повод, вечерва во Скопје е прогласена „Бела ноќ“, што значи дека локалите и културните објекти ќе работат до рано наутро.Централнaтa забава ќе се одржи на плоштадот Македонија, каде што граѓаните неколку часови ќе ги забавуваат најпознатите македонски пејачи, најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ и британскиот техно и поп диџеј Фетбој Слим.Како што најави организаторот „Литиум рекордс” концертот започнува во 18 часот, а својот настап го потврдија Слаткаристика, ДНК, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Јован Јованов, Ламбе, Адриан Гаџа, Елена Ристеска, Каролина, Есма, Калиопи, Владо Јаневски и Влатко Стефановски трио. Настапот на Здравко Чолиќ е закажан за некаде по 22 часот, а диџеј Фетбој Слим ќе настапи во 00,30 минути.Македонската влада по повод визната либерализација во сабота организира еднодневен излет за сто граѓани, кои ќе бидат придружувани од најдобрите студенти и од група новинари. Европската унија ги укина визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, кои со биометриски пасоши можат да патуваат во 25 држави членки на Европската унија, освен Велика Британија и Ирска, како и во Норвешка, Швајцарија и Исланд./крај/мп/крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алијанса за Албанците: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја оцрни фигурата на Таравари преку клевети и игри со зборови

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, доколку имаат некакво сомневање или тврдење, нека го докажат. Во спротивно, тоа останува само ниска пропаганда за одвлекување на вниманието од вистината: д-р Арбен Таравари им ги урна мрачните планови против Албанците. Ова можат многу лесно да го направат, бидејќи сите државни институции ги имаат под контрола и имаат целосен пристап до секој официјален документ. Ги повикуваме да се разбудат – тие не се опозиција, тие се власт и држава. Алијансата за Албанците ги повикува, користејќи ги сите надлежности и институции што ги раководат, да презентираат барем една единствена врска помеѓу инвеститорот од Албанија и д-р Арбен Таравари. Или можеби, за нив секој инвеститор од Република Албанија е сомнителен?“, се наведува во реакцијара.
Македонија
Вилијам Михајловски, осуден на 14 години затвор, ќе ја води Комисијата за безбедност и правда на Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид меѓудругото донесе и неколку кадровски одлуки од своја надлежност.
„Беше избран нов Извршен комитет, а воедно за генерален секретар беше избран Милан Јовчески, а за член на Извршниот комитет беше избран уставобранителот Вилијам Михајловски – Гајда во моментот неоправдано осуден на 14 години затвор за Македонија. Вилијам Михајловски како член на Извршниот комитет ќе ја води и Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници“, соопштија од партијата.
Централниот комитет утврди 29 кандидатски листи за локалните избори, а уште шест се во постапка за утврдување на следната седница на Централниот комитет.
Од партијата соопштија дека е донесена и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.
Македонија
Османи формира тим во Чаир со задача да донесе милион евра од европските фондови

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денес го најави формирањето на специјална Task Force единица посветена на IPA фондовите, со јасна цел – европските средства да дојдат директно во оваа општина.
„Три години бев државен координатор за IPA фондовите. Знам како функционираат овие програми, каде се можностите и кои се луѓето во Брисел што одлучуваат за нив,“ истакна Османи.
Тој додаде дека од денес Чаир има тим со еден единствен мандат: да донесе милиони евра од европските програми директно во општината.
„Ова значи подобри улици, посилни училишта и побогата заедница. Чаир заслужува да биде директно поврзан со Европската Унија и ние тоа ќе го направиме реалност,“ истакна Османи.
Со оваа иницијатива, додаде тој, Чаир стапува на патот на европска интеграција на локално ниво, користејќи ги можностите што ги носат фондовите на ЕУ.