Македонија
Ѓорге Иванов: Ќе се негуваат одличните односи меѓу Македонија и САД
Новoизбраниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов во понеделникот се сретна со американскиот амбасадор Рикер и со поранешниот македонскиот претседател Глигоров, информираат од Кабиентот на Претседателот
На средбата со амбасадорот Филип Рикер во амбасадата на САД во Скопје, претседателот Ѓорге Иванов ги истакнал исклучително добрите односи меѓу двете држави. Иванов ја потенцирал важноста која Република Македонија и ја дава на евроатлантските интеграција и се заблагодарил за постојаната и цврста поддршка што на овој план во континуитет ја добива од САД. Претседалот Иванов нагласил дека ќе стори се’ што е во негова моќ да се постигне брзо и соодветно завршување на процесот на прием на Република Македонија во НАТО и почнување на преговорите за членство во Европската унија.На средбата со првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е посочено дека демократските процеси во земјава влегуваат во нова фаза, по годинашниве успешни парламентарни и локални избори. Оценето е дека тоа ќе биде уште една потврда за македонската подготвеност да продолжи на патот кон евроатланските интеграции. Иванов и Глигоров разговарале и за реформските процеси во Република Македонија, чија цел е да се постави основа за динамичен економски развој на државата и за отворање перспективи за нејзините граѓани. Иванов, како што се вели во соопштението од неговиот кабинет, му се заблагодарил на Глигоров за годините посветени во служба на интересот на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Владата во вторник ќе донесе Одлука за доделување средства на ЈСП, за бесплатен превоз на студентите
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали Владата ќе расправа за доделување на средства на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, информираше дека во вторник на владина седница ќе биде донесена одлука, бидејќи сесијата започнува во јануари.
„Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31 декември, ќе донесеме откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука. Да се потпише договор за да можат тие средства веднаш да бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи сесијата започнува во јануари, да може студентите беспрекорно да користат го јавниот превоз во градот Скопје“, изјави премиерот.
Македонија
Мицкоски очекува Обвинителството да преземе мерки за информациите оти бил следен
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува разврска во однос на вчерашната изјава од собраниска говорница дека бил следен како лидер на паравоена формација, изјави:
„Финансиер. Инспиратор и финансиер на милитантна, вооружена, паравоена, параполициска и веќе не знам каква структура. Инаку она што е интересно, од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам, дебрифинзи се креирани на почетокот на 2020 година, кога е изборна година. Замислете една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која, располага со вакви информации, во која што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури, вооружени, а при тоа не го информира Министерството за внатрешни работи. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше господинот Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин, преку монтажа, да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ. Останатото, еве оставам до Обвинителството, впрочем тоа зборувавме и со обвинителот на настанот. Да допре гласот на Обвинителството, па да видиме тие, дали овој глас ќе допре до нив и дали после ова допирање на овој глас, тие ќе преземат некакви мерки.“
Премиерот вчера обвини дека поранешната власт на СДСМ и ДУИ преку тогашните безбедносни служби незаконски биле следени тој и нивното семејство, под лажно обвинување дека како лидер на опозицијата бил организатор, финансиер и нарачател на „параполициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“
Македонија
Тошковски: Одделот за внатрешна контрола не утврди вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека била отворена истрага за полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме од јарбол на улица на Денот на албанското знаме. Одделот за внатрешна контрола при МВР во рамките на утврдени дејствија кои што се сторени, не утврдил дека предметното лице прекршило било каква стандардна-оперативна процедура во рамките на полицијата.
„Во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметнотно лице, не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамки на Министерството за внатрешни работи колку што сум информиран. Подетално можеме да видиме што е, како е, понатаму“, вели Панче Тошковски.
Поради сквернавење на македонското и на албанското знаме, беа уапсени вкупно 17 лица, голем дел од нив малолетници.