Регион
Le Monde: Бугарија – слабата алка во борбата против `Исламска држава`

Под три големи знамиња – европското, бугарското и турското – автомобилите полека минуваат преку контролниот пункт „Капетан Андреево“, кој се претвори во новата линија на фронтот во војната на Западот против џихадистичките мрежи, коментира весникот Le Monde.
Откако контролата на аеродромите беше засилена, Бугарија се покажа како копнен пат кој овозможува најлесно пристигнување до Турција, која е последна фаза од патувањето кон териториите на „Исламска држава“ во Сирија.
Автомобили, камиони и автобуси се движат деноноќно по овој пат, кој од страна на џихадистите, така и од страната на тајните служби се смета како најдобриот начин за тајно напуштање на Европа, пишува Le Monde.
Иако е членка на ЕУ, Бугарија не е дел од Шенген зоната, а нејзината желба да стане дел од овој систем и дава пристап до дел од податоците на информативниот систем на 26-те земји од Шенген. И покрај искрените обиди на Софија да биде „добар ученик“ во борбата против тероризмот, дупките во антиџихадистичката мрежа остануваат.
Според бугарското министерство за внатрешни работи, „бројот на оние кои заминуваат во џихад постигнал бум во 2013 година, откако стотици од нив успеале да се приклучат на борците во Сирија, минувајќи низ Бугарија”. Значи доколку француските радикални исламисти избираат да поминат оттаму, тогаш ова не претставува случаен избор, коментира францускиот весник./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.