Свет
Иран ќе развие нуклеарна бомба до 2011
Иран до почетокот на 2011 година ќе поседува технологија за изработка на нуклеарни бомби, јавија во понеделник израелските медиуми, додавајќи дека Израел не исклучува ниту напад на иранските нуклеарни погони.
Иран до почетокот на 2011 година ќе поседува технологија за изработка на нуклеарни бомби, јавија во понеделник израелските медиуми, додавајќи дека Израел не исклучува ниту напад на иранските нуклеарни погони.
Израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак оваа проценка ја изнесе пред парламентарниот одбор за одбрана и надворешни работи и се совпаѓа со проценките на другите земји. САД оцени дека Техеран може да произведе нуклеарно оружје меѓу 2010 и 2015 година.
Израел не верува на иранските тврдења дека нуклеарната програма ја развива од мирољубивост, граѓански цели, постојано барајќи да се засилат санкциите против Техеран.
„Меѓународната заедница мора да делува. Ако санкциите не се воведат сега, кога ќе бидат воведени“ праша премиерот Бенџамин Нетанјаху, не исклучувајќи ниту напад на иранските нуклеарни погони. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија сега е побројна од руската на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск.
Според него, украинските вооружени сили броjaт 880.000 војници, додека руските сили во Украина имаат околу 600.000 припадници.
Зеленски објасни дека 880.000 украински војници ја бранат целата територија на земјата, додека руските војници главно се концентрирани во одредени области. Бројот на украинските војници е значително зголемен во споредба со 2023 година, кога Зеленски изјави дека вооружените сили на Киев броеле 600.000 припадници, пишува „Њузвик“.
Украинската војска се состои од неколку гранки, вклучувајќи ги копнените сили, воздухопловните сили, морнарицата, воздушните сили, маринците, специјалните сили и силите за територијална одбрана.
Свет
Хјуман рајтс воч: Враќањето на Трамп ќе ги загрози човековите права во САД и во странство
Извршниот директор на меѓународната организација Хјуман рајтс воч, Тирана Хасан денеска оцени дека враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа следната недела ќе ги загрози слободите во таа земја и надвор од неа.
Таа изјави дека вториот мандат на Трамп може да биде „поштетен од првиот“.
„Првиот мандат на администрацијата на Трамп ни покажа за што се тие способни, а особено го покажа нивниот недостаток на посветеност на човековите права. Но, Проектот 2025 и изјавите што ги слушнавме од новоизбраниот претседател веќе почнаа да покажуваат дека ќе има генерален напад, во суштина, врз правата на мигрантите“, рече Хасан, според Ројтерс.
Таа оцени дека реториката на Трамп може да ги охрабри „автократите ширум светот да воведат слични политики“.
Покрај тоа, таа ја критикуваше администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден за големи испораки на оружје за Израел за време на нападот на таа земја на Појасот Газа, и покрај „јасните докази дека тие биле користени за извршување злосторства“.
„Минатата година не беше нешто со што може да се гордее администрацијата во заминување“, рече Хасан, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Ученик со нож уби две лица во училиште во Словачка
Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка кога ученик нападнал со нож, јави денеска телевизијата ТА3.
A student with a knife attacked a gymnasium in Slovakia: 2 people killed, 1 more injured
The incident occurred in the town of Spišská Stara Ves in the east of the country. According to preliminary reports, the attacker was an 18-year-old student who stabbed two classmates and a… pic.twitter.com/oWuDlud1S8
— NEXTA (@nexta_tv) January 16, 2025
Агенцијата ТАСР јави дека нападот се случил во Спишка Стара Вес.
Напаѓачот е 18-годишен студент, кој е уапсен. Двајца ученици загинаа, а ранетиот професор е во критична состојба, според медиумот.
Вкупниот број повредени сѐ уште не е познат, додаде ТА3.
Напаѓачот е 18-годишен студент кој е уапсен. По нападот се обидел да побегне, но полицијата го пронашла еден час по нападот. Го пронашле, пишува Aktualy.sk, благодарение на стапалките во снегот.
Според словачките медиуми, насилникот денеска требало да има испити откако од гимназијата во Кежмарк се префрлил во ова училиште.