Свет
ОН го признаа Катера за нов претседател на Брегот на Слоновата Коска
Генералното собрание на Обединетите нации(ОН) го призна Аласан Катера за легитимен претседател на Брегот на Слоновата Коска, пренесува Ројтерс. Генералното собрание формално го призна Катера едногласно одлучувајќи да го признае пописот на дипломати што го предал во ОН, како единствени официјални претставници на Брегот на Слоновата Коска во ОН. Одлуката на ОН ќе ја зголеми изолацијата на Лорен Гбагбо, кој не сака да се повлече од власт. Кризата во земјата што избувна по претседателските избори, по кои и Катера и Гбагбо прогласија победа, веќе однесе 173 човечки животи и може да прерасне во граѓанска војна. /крај/рој/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.
Свет
Зеленски откри дека Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД не ја прекинале воената помош за Украина откако новоименуваниот државен секретар Марко Рубио најави дека ќе го прекинат финансирањето програми за странска помош во рок од 90 дена.
Зеленски не прецизираше дали хуманитарната помош за неговата земја е прекината. Украина се потпира на САД за 40 отсто од своите воени потреби.
– Фокусиран сум на воената помош. Таа не е запрена – рече вчера украинскиот претседател на заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду.
Свет
Јордан и Египет би можеле да прифатат повеќе Палестинци од Газа, изјави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде во војната меѓу Израел со палестинската милитантна група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде е лоша хуманитарната ситуација.
На прашање на новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на Палестинците во тие земји, Трамп одговори дека „може да биде и едното и другото“.
Минатата година, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, Вашингтон рече дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување.