Свет
Бавна проверка на имототна шефот на државата
Сите досегашни докази што јас, како инвеститор на
станбено-деловниот комплекс „Тифани“, ги понудив до антикорупциската комисија,
до УЈП и до МВР недвосмислено покажуваат дека Јасна Црвенковска, сопругата на
претседателот на државата Бранко Црвенковски, е дел од купопродажниот договор
за простор во тој комплекс.
АНКЕТЕН
ЛИСТ НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ
Сите досегашни докази што јас, како инвеститор на
станбено-деловниот комплекс „Тифани“, ги понудив до антикорупциската комисија,
до УЈП и до МВР недвосмислено покажуваат дека Јасна Црвенковска, сопругата на
претседателот на државата Бранко Црвенковски, е дел од купопродажниот договор
за простор во тој комплекс. Тој дел од имотот на семејството Црвенковски го
нема никаде во анкетниот лист на шефот на државата, ниту во анкетниот лист
додека тој бил премиер. На 15 март Љупчо Палевски ја поднесе пријавата до
антикорупциската комисија со дел од документацијата во случајот непријавен имот
на семејството Црвенковски. На 5 април се доставени сите оригинални документи,
како и дел од неговите преписки со четворката од „Семос“, купувачи на
просторот, меѓу кои е и Јасна Црвенковска. Објаснувањето на Црвенковски дека
парите за авансот за купување на просторот во „Тифани“ не се на неговата
сопруга и поради тоа не бил обврзан тоа да го пријави во анкетниот лист
едноставно „не држи вода“, вели Палевски. Содружниците од „Семос“, меѓу кои и
сопругата на претседателот Бранко Црвенковски во неколку наврати и писмено
побарале од Палевски да им ги врати парите што тие ги уплатиле како аванс за
простор во оваа зграда. Договорот не се реализирал и тие си го барале авансот
назад. Ова е спротивно на тврдењето на претседателот Црвенковски дека неговата
сопруга нема побарувања од Палевски и дека за просторот во „Тифани“ не биле
уплатени нејзини пари и покрај тоа што нејзиниот потпис стои на неколку
документи.
„Бараме да воспоставиме заложно право врз ваша сопственост, поточно врз вашите
акции во РЖ ‘Фаморд’ и ‘Силекс банка’. Заложното право го бараме за да го
обезбедиме нашето побарување, кое го имаме врз основа на договорот за
купопродажба на станбено-деловен простор во објектот ‘Тифани’“ – пишува во
преписката меѓу содружниците од „Семос“ и Палевски од 13 ноември лани. На
преписката повторно стои и името на сопругата на претседателот.
Ниту како премиер, ниту како претседател на државата Црвенковски во анкетниот
лист не го пријавил авансот од 160.000 евра што неговата сопруга и содружниците
од „Семос“ го уплатиле со намера да купат простор во „Тифани“. Уплатата е
направена во јули 2002 година. Две години подоцна Црвенковски беше избран за
претседател на државата. Според Законот за спречување корупција, избран или
именуван функционер е должен во рок од 30 дена да пополни анкетен лист за
движниот и за недвижниот имот со кој располагаат тој и неговиот брачен другар,
родителите, децата, браќа или сестри со кои функционерот заедно живее. И откако
стана претседател, кабинетот на Црвенковски соопшти дека нема промени во неговата
имотна состојба од тоа што го пријавил порано како премиер. Авансното уплаќање
за „Тифани“ го нема никаде во неговиот анкетен лист. Договор за просторот не
бил склучен и поради тоа претседателот не бил должен да го пријави авансот во
анкетниот лист, соопшти тогаш кабинетот на Бранко Црвенковски. А за уплатените
пари, Црвенковски тврди дека неговата сопруга не уплатила никаков аванс, туку
дека тоа го сторил некој друг, па оттаму, тој по консултацијата со експерти
заклучил дека нема потреба да се изјаснува за ова во анкетниот лист.
Потписите на Црвенковска на сите овие документи, според Палевски, се доказ дека
сопругата на шефот на државата всушност во правниот промет внела пари што во
официјалните документи за имотот на семејството ги нема.
– Во секој случај, Црвенковски овие пари морал да ги наведе во анкетниот лист.
Прикривањето на потеклото на несразмерно стекнат имот е кривично дело – изјави
Палевски.
Договорот за просторот во „Тифани“ е склучен само два месеци пред изборите на
15 септември 2002 година, кога Црвенковски се врати на премиерската функција.
Четворицата партнери во „Семос“ уплаќаат 50 илјади евра во кеш како аванс за
купување деловен простор од 550 квадратни метри на првиот кат, локал и гаражи
во деловно-станбената зграда „Тифани“. Авансот гласи на имињата, а не на
фирмата „Семос“. Платиле Јасмина Црвенковска, Илија Секуловски, Герасим Ванчев
и Сашко Наумов. Тоа било авансно плаќање или дел од вредноста на просторот
(447.000 евра).
Поради неисполнувања на обврските и на купувачот (доцнење со плаќањето) и на
продавачот (доцнење со изградбата), купопродажниот договор се доведува во
прашање.
Во меѓувреме, истиот тој простор Палевски и го продава на Управата за јавни
приходи, во периодот кога директорка беше Петра Митева. За ревизорите токму
овој договор на УЈП бил спорен. Деловниот простор е завршен, но УЈП се уште не
ги зела клучевите за да го всели поради нерешени имотни прашања.
Но, анкетниот лист на Црвенковски останал ист и во 2002 година, и во 2004
година, кога дотогашниот премиер Црвенковски е избран за претседател на
Република Македонија.
По објавувањето на интервјуто на Палевски во февруари во „Време“, овој
поранешен сопартиец на Црвенковски, документ по документ го отвора досието за
анкетниот лист на шефот на државата. Последен таков документ е писмото на
купувачите на просторот од 3 март 2006 година во кое тие од Палевски бараат
договорот да не се раскинува. „Недвижниот имот што сте ни го продале нас и за
кој уплативме благовремено дел од купопродажната цена како авансно плаќање, сте
го продале на трети лица“. Од ова писмо се гледа дека Црвенковска, Секуловски,
Ванчев и Наумов се гледаат како сопственици на имотот и дека се против
раскинување на договорот.
„Од правен аспект не е важно кој ги дал парите, важно е кој се потпишал.
Претседателот дефинитивно требало да го пријави овој аванс“, велат експерти од
Правниот факултет.
– Не држи образложението на претседателот Бранко Црвенковски дека неговата
сопруга не дала пари за авансот со кој содружници од фирмата „Семос“ сакале да
купат простор во зградата „Тифани“. Потписот на Црвенковска стои на договорот
со инвеститорот Палевски – велат професори по управно право од факултетот.
И според поранешни членови на антикорупциската комисија, функционерите се
должни да пријават секаква промена во анкетниот лист, без разлика дали е заем,
долг или аванс.
А.Д.
Црвенковски
вели дека нема побарување, Црвенковска упорно си ги бара парите од Палевски
И во последното интервју Бранко Црвенковски беше прашан за купувањето на деловен
простор на неговата сопруга во зградата „Тифани“. Можете ли директно и прецизно
да одговорите колку вистина има во тие обвинувања, гласеше прашањето на „Шпиц“.
– Можам да одговорам и директно и прецизно: Нема никаква вистина во тие
обвинувања. Мојата сопруга не уплатила никакви средства и во согласност со тоа
не постои ниту побарување од нејзина страна што јас би можел да го евидентирам
во имотниот лист – одговори Црвенковски.
За разлика од него, во неколку писмени дописа до Палевски, неговата сопруга се
повикува на побарувањата од неа и од нејзините содружници за просторот во
„Тифани“ и бара од него конечен договор за обврските од дадениот аванс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина речиси четири години се брани од руската инвазија, денес нови преговори во Абу Даби
Украина и Русија денеска ќе одржат директни разговори во Абу Даби во обид да се најде решение за завршување на војната што трае речиси четири години, јавува германската новинска агенција ДПА.
Датумот на разговорите го потврдија и Кремљ и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но без да прецизираат дополнителни детали.
Директните преговори меѓу Москва и Киев беа обновени пред една недела по подолга пауза. Тие се одржаа зад затворени врати, а посредуваа Соединетите Американски Држави преку својот главен преговарач Стив Виткоф. Овој пат, завојуваните страни ќе преговараат без американски претставници.
Иако преговарачките тимови повеќепати ги опишаа разговорите како конструктивни, договор за мировен договор сè уште не е на повидок, а територијалните прашања остануваат клучна точка на несогласување.
Русија бара Киев да се повлече од делови од источниот украински регион Донбас, особено од областите околу Доњецк и Луганск, кои сè уште се под украинска контрола. Зеленски повеќепати ја отфрли можноста за територијални отстапки.
Украинската делегација ќе ја предводи главниот преговарач Рустем Умеров, додека на чело на руската делегација ќе биде Игор Костјуков, шеф на воената разузнавачка служба ГРУ.
На барање на американскиот претседател Доналд Трамп, Русија се согласи привремено да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура поради екстремниот студ и веќе обемните оштетувања во Киев и други градови. Сепак, нападите врз други цели продолжија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека ограниченото примирје ќе трае само до недела, со цел да се обезбеди „добра основа“ за мировните преговори.
Зеленски изјави дека не постои формален договор за привремен прекин на огнот, но вети дека Украина нема да напаѓа руски енергетски цели доколку Русија се придржува до своето ветување.
Украина речиси четири години се брани од руската инвазија со поддршка од Западот.
Свет
Сведок на ФБИ: Трамп се заканил дека девојче ќе исчезне и ќе го убие нејзиното семејство
Под закана од кривично гонење за лажно сведочење, сведокот му кажа на ФБИ во 2016 година дека „лично била сведок“ како американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека едно девојче ќе „исчезне“ и дека целото нејзино семејство ќе биде убиено, според документ објавен од Министерството за правда на САД.
Дојавата до ФБИ беше објавена како дел од објавувањето на околу 3 милиони документи за Џефри Епштајн, а ја доставило лице кое го користело псевдонимот „Тифани Доу“. Во неа се наведува наводна закана што Трамп му ја упатил на обвинителот во судска постапка.
„Лично бев сведок како обвинетиот Трамп ѝ кажа на обвинителката дека никогаш не кажува ништо освен ако не сака да исчезне како 12-годишно девојче (името е сокриено) и дека е способен да го убие целото нејзино семејство“, се вели во дојавата на ФБИ, потпишана под закана од кривично гонење за лажно сведочење на 18 јуни 2016 година.
И Епштајн ми се закани со смрт
Тужителката тврдеше дека била вработена кај Епштајн од 1990 до 2000 година и му кажа на ФБИ дека Епштајн лично ѝ се заканувал на сличен начин како што таа тврди дека Трамп ѝ се заканувал на непозната обвинителка во непозната тужба.
„Епштајн лично ми се закани дека ќе ме убие мене и моето семејство ако некогаш откријам какво било физичко и сексуално злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Епштајн или од некој од неговите гости“, се вели во извештајот на ФБИ.
„Објавувам јавно под заклетва вистината за физичкото и сексуалното злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Трамп и Епштајн, вклучително и обвинителот, за време на моето вработување кај Епштајн од 1990 до 2000 година.“
Свет
Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави денеска дека Иран отсега ги смета војските на земјите-членки на Европската Унија за „терористички групи“, повикувајќи се на законската регулатива од 2019 година.
Оваа одлука доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот одлучија да ја прогласат Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, поради крвавото задушување на неодамнешните антивладини протести. Овој потег на Унијата се смета за главно симболичен, со оглед на тоа што ИРГЦ веќе е под санкции на ЕУ поради прекршување на човековите права.
– Европа сака да му угоди на својот господар, Америка, со овие мерки, изјави Галибаф во Парламентот, пренесува ДПА. Видеата објавени од иранските медиуми покажаа пратеници облечени во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност, додека дел од нив скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
Тензиите меѓу САД и Иран се на високо ниво по смртоносното задушување на протестите во земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрациите и најави „многу силни мерки“ доколку Иран продолжи со егзекуции на демонстрантите. Дополнителни спорови се појавија и околу иранската нуклеарна и ракетна програма, при што Трамп неделава сугерираше можен напад, изјавувајќи дека „масивна армада се движи кон Иран“.
Иранската страна соопшти дека е подготвена да ги продолжи преговорите со САД, но инсистира на целосна контрола врз своите одбранбени капацитети. САД беа првата земја во светот што ја прогласи ИРГЦ за терористичка група во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп. ИРГЦ е елитна воена сила на Иран, која во последните децении значително го прошири и своето социјално и економско влијание преку инвестиции во авиокомпании и хотелски синџири.

