Свет
Асанж на условна слобода

Високиот суд во Лондон денеска ја отфрли жалбата на британското обвинителство на одлуката за пуштање на условна слобода на основачот на сајтот Викиликс, Џулијан Асанж, јавуваат агенциите.
Вестминстерскиот суд во вторникот го пушти Асанж на слобода со кауција од 200.000 фунти. На таа одлука британското обвинителство вложи жалба во име на Шведска, која бара испорачување на Асанж поради наводното сексуално насилство и силување.
Асанж (39), кој ги отфрла обвинувањата на шведските власти, е уапсен на барање на Шведска.
Според девниот весник Дејли Мејл, обвинувањата од двете девојки Ана Арден и Софија Вилен, имаат основа за разгледување само во чувствителниот и комплексен шведски закон. Едната (Ана Арден) го обвинува за сексуално злоупотребување бидејќи наводно Асанж немарно дозволил да пукне кондомот за време на нивните интимни односи, додека Софија Вилен за силување бидејќи Асанж наводно одбил да употреби кондом откако таа неколку пати го побарала тоа.
Асанжовиот сајт Викиликс, од 28 ноември објавува доверливи депеши на американските дипломати што предизвика жестоки критики од САД и нејзините сојузници./крај/бета/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.