Свет
Асанж сепак на условна слобода
Високиот суд на Вестминистерскито регион во Лондон денеска ја отфрли жалбата на британското обвинителство на одлуката за пуштање на условна слобода на основачот на сајтот WikiLeaks, Џулијан Асанж
Вестминстерскиот суд во вторникот го пушти Џулиан Асанж на слобода со кауција од 200 илјади фунти и уште 40 илајди фунти депозит доколку прекриши некој од условите за да се брани од слобода. На таа одлука британското обвинителство вложи жалба во име на Шведска, која бара испорачување на Асанж поради наводното сексуално насилство и силување.Триесет идевет-годишнито Австралиец, ги отфрла обвинувањата на шведските власти, е уапсен на барање на Шведска.Обвинувањата од двете девојки Ана Арден и Софија Вилен, имаат основа за разгледување само во чувствителниот и комплексен шведски закон. Едната, Ана Арден, го обвинува за сексуално злоупотребување бидејќи наводно Асанж немарно дозволил да пукне кондомот за време на нивните интимни односи, додека Софија Вилен за силување, бидејќи Асанж наводно одбил да употреби кондом откако таа неколкупати го побарала тоа. Основачот на контроверзната итнерет страница WikiLeaks којашто континуирано објавува стотици илјади страници тајни документи за војните во Ирак и Авганистан, како и тајните дипломатски преписки на Стејт департментот и американските дипломати низ светот, беше уапсен врз основа на потерницата на Интерпол издадени по барање на шведското обвинителство коешто бара негова екстрадиција во Шведска. Асанж мора да го предаде на судот својот пасош, да носи електронси чип преку којшто ќе се следи неговото движење во секој момент, да ја одреди адресата на којашто ќе биде достапен во секое време (веќе е посочена адреса во округот Сафолк) и секоја вечер да се пријавува во локалната полициска станица. Поддржувачите на Асанж во втроникот веднаш започнаа акција за собирање на сумата потребна за плаќање кауција а парична помош за Австралиецот ветија неколку познати јавни личности – режисери, активисти за човековите права и новинари, чиишто имиња не се откриваат. Адвокатот на Ааанж, Марк Стивенс го изрази своето задоволство од одлуката на судот, иако призна дека, според него, процесот може да се води многу години. Тој додаде дека неговиот клиент се чуствува добро, но дека во 24-часовниот притвор му е забрането да чита и не му се обезбедува пристап до неговата електронска пошта. Асанж беше уапсен на 7-ми декември, кога доброволно се јави во Скотланд Јард. На првото судско рочиште коешто се одржа истот ден беше одбиено барањето на 39-годишниот Австралиец да биде ослободен со кауција. Со тоа, според британските процедури, сослушувањата за екстрадиција треба да се одржат во рок од 21 ден.Сепак, како што покажува практиката, при вакви големи процеси и се повеќето и погласни обвинувања за политизација на самиот процес, донесувањето на конечната одлука на судот може да потрае и неколку месеци. Судот во шведската престолнина Стокхолм во ноември го одобри барањето на тамошното обвинителство да се побара апсење на Асанж по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување. На 20-ти ноември канцеларијата на шведскиот јавен обвинител до Интерпол поднесе барање да за распишување меѓународна потерница.По ослободувањето Асанж ќе живее во регионот на Сафолк, во куќата којашто му ја отстапил основачот на познатиот лондонски новинарски клуб Frontline Club. Основачот на клубот Вон Смит изјави дека е подготвен да му обезбеди постојано престојувалиште на Асанж, што е дел од условите под кои е ослободен со кауција, и тој веднаш му ја понуди својата родна куќа, каде што, како што изјави за медумите, „има многу простор и каде што тој (Асанж) ќе биде на сигурно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.