Македонија
Македонија ќе зајми пари од ММФ, но без аранжман
Македонија би можела да позајми 100 милиони долари ( околу 77 млн евра) од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), без да склучи нов аранжман
Македонија би можела да позајми 100 милиони долари ( околу 77 млн евра) од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), без да склучи нов аранжман со таа институција.
Ова од Вашингтон го најавија вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии, Трајко Славески, кои изминатиот викенд учествуваа на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.
Тие својот оптимизам го темелат врз новите правила на ММФ, според кои, секоја земја членка има право да искористи 77 отсто од својата квота.
Според Славески се работи за необврзувачки кредит, кој нема да наметне никакви услови за Македонија, освен чисто кредитни услови.
Македонската влада и понатаму не се одлучува да склучи аранжман со ММФ и покрај се погласните сугестии на експертите.
Истовремено Народната банка на Македонија апелираше дека се неопходни свежи пари од странство, најдоцна во следните три месеци, за одбрана на курсот на денарот.
Претставниците на ММФ беа запознати со ребалансот на буџетот и владините антикризни мерки, а како позитивно ја оцениле ниската задолженост на Македонија.
Еден од клучните ризици на кои монетарците ги предупредиле нашите министри е дека не смеат да ги испуштаат од раце проблемите со платниот биланс.
За време на средбите во Вашингтон било договорено наскоро новиот шеф на мисијата на ММФ за Македонија Вес Мек Гру да допатува во Скопје се цел запознавање со состојбите./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Доста ни е од веќе видени пратеници и од гласање за помалото зло
„Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики“, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев од Прилеп, презентирајќи ја предизборната програма на неговата партија во пресрет на парламентарните избори.
-По првиот круг не паѓаме со духот, туку продолжуваме со првичната замисла, додаде Апасиев.
Партијата Левица очекува поддршка од прилепчани каде, како што велат од оваа партија, имаат реална основа за тоа.
– Земјоделството мора да биде планско. Планираме да се пополнуваат стоковите државни резерви строго со домашно производство, со однапред склучени договори за земјоделците да имаат некаква сигурност во производството. Планираме фиксни откупни цени, државни откупни центри за да не можат прекупците да ја местат цената како што ним им одговара, ладилници за складирање на произведената храна од кои ќе се снабдуваат Армијата, градинките, училиштата, болниците. Мерките, генерално ни се насочени кон државна интервенција во земјоделството, а не да биде оставено стихијно. Во стопанството планираме рестартирање или отворање државни профитабилни фирми во секоја стратешка стопанска гранка, рече носителот на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица, Сашко Јанчев при претставувањето во Прилеп.
Македонија
Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес
Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.
„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.
„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.
Македонија
Меџити: Сите бегаат од ДУИ како од корона
Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, чија партија е дел од коалицијата ВЛЕН рече дека „на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба албански партнер како ВЛЕН, за да биде целосна сликата“.
-Од ДУИ денес сите бегаат како од корона. Дури и ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски бегаат од ДУИ и не сакаат влада со нив, рече Меџити на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај.
Ветува решавање на клучните проблеми на граѓаните во нивните општини.
За Меџити, само на тој начин ќе се претендира за европски вредности и европски фронтови. Немањето канализација и елементарни услови за живот е недозволиво, истакнува тој.