Контакт

Европа

Путин: Русија во 2015-та спречи 30 атентати, во Сирија уште не ја покажа сета моќ

Објавено пред

Руските тајни служби спречиле 30 планирани терористички напади и откриле повеќе од 320 странски шпиони во текот на 2015 година изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин на средбата со безбедносните офицери во Кремљ, и истовремено истакна дека руските вооружени сили во операциите во Сирија ниту од далеку не ги искористиле сите свои можности.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да истакнам дека оваа година благодарејќи на Федералната служба за безбедност (ФСБ), се спречени повеќе од 30 злосторства со терористички карактер“, изјави рускиот претседател Владимир Путин по повод празникот на припадниците на безбедносните служби.„Нашето контраразузнавање има голема одговорност. Годинава открија повеќе од 325 припадници на странските тајни служби. Гледаме дека тајните служби од голем број земји засилено работат во Русија“, рече Путин и самиот поранешен припадник на советската тајна служба КГБ и директор во ФСБ пред да дојде на власт во 1999 година.Шпионските афери во последниот период се зачестени во Русија, а повеќето од нив се поврзани со ситуацијата во Украина, каде што од април 2014 година трае судирот меѓу прозападните сили и силите на рускојазичното мнозинство на југоистокот од земјата.Во истото обраќање Путин порача дека руската армија е „далеку од тоа дека ги искористила сите свои капацитети во Сирија“, наведувајќи дека ќе „бидат употребени и дополнителни средства, доколку е потребно“.„Можеме да видиме колку ефикасно дејствуваат (во Сирија) нашите пилот, разузнавачи, колку ефикасно ги координираат меѓусебно своите напори, при што различните родови од армијата, морнарицата, воздухопловните сили, ги применуваат најсовремените оружја. Сакам да истакнам дека тоа е далеку од сите наши можности. Ние не го применуваме таму, сето она со што располагаме“, рече Путин.„Поседуваме и со дополнителни средства. Доколку биде потребно, и ќе ги искористиме“, додаде рускиот челник.„Ситуацијата во светот сложено се развива. Расте напнатоста во Блискиот исток, а и во многу други региони. Терористите отворено ѝ објавија војна на цивилизацијата, на целата меѓународната заедница. Нивните дејствија и планови претставуваат директна закана за нашата земја“, истакна Путин. Според него, во моментов руските вооружени сили се борат против таа закана на фронтовите во странство, уништувајќи ја нивната инфраструктура, кампови за обука, бази во Сирија.„Повторно ќе истакнам дека тие одлучни чекори треба да бидат поврзани и координирани со исто толкава жестина на сите нашите специјални служби. Станува збор за плановите на терористите, спречување обиди на терористичките и екстремните групи да ја интензивираат својата активност на територијата на Русија“, заклучи Путин./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Европа

Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина

Објавено пред

Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.

Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.

За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.

„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.

Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка

Објавено пред

Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.

dobivaj vesti na viber

На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.

Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.

Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.

Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.

„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.

Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.

„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија10 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија11 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија11 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија14 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија15 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија17 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија18 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија18 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија19 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион20 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет21 час

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија22 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија22 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија2 дена

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија2 дена

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија2 дена

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа2 дена

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет2 дена

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...